Author: saso

NBA

Главниот тренер на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, не е пресреќен со моменталната состојба на неговиот тим. Во последната изјава тој вели дека Голден Стејт во моментов се просечен тим од НБА. „Нашиот биланс на победи и порази кажува сè. Имаме скор од 10-10. Ние сме просечен тим. Мислам дека имаме потенцијал за повеќе. Мојата работа како тренер е да им помогнам на овие момци да го пронајдат тој ритам што може да ни даде енергија и самодоверба. Верувам во нив, верувам во интегритетот и континуитетот што го имаме не само од минатата година, туку и со Стеф и Дрејмон…

Read More

Светскиот првак во Формула 1, Макс Верстапен, одговори на одлуката на Мекларен да им даде еднакви можности на Ландо Норис и Оскар Пјастри во борбата за титулата. Норис е пред Пјастри и Верстапен со 24 поени разлика, а остануваат уште две кола до крајот на сезоната. „Тоа е совршено. Треба да им биде дозволено да се борат – зошто некој одеднаш би рекол дека Оскар не може да се бори? Да ми го кажата тоа, немаше ни да дојдам на последните трки. Ако си вистински победник, мора да се бориш дури и ако заостануваш. Инаку, зошто да доаѓаш? Можеш едноставно…

Read More

Едно од легендарните имиња на светсиот профи-бокс, Дерек Чисора е повикан од кинескиот тешкаш Жилеј Жанг да организираат следна борба во рингот. Чисора неодамна вети дека ќе се откаже од боксот по својата 50-та борба и одвојува време да го избере својот следен противник ако тоа навистина се случи. Тој е во добра форма во последно време со победите над боксери како Ото Валин, Џералд Вашингтон и Џо Џојс, а беше силно поврзуван и со можна борба со Дилијан Вајт, со кого веќе се бореше двапати. Сепак кинескиот тешкаш Жилеј Жанг прв му предложи на Чисора да се борат „за…

Read More

Циклусот наречен Европско првенство 2029-та година започна на најдобар можен начин за македонската кошаркарска репрезентација, бидејќи претквалификациите ги отворивме со извонредна игра и убедлива победа против Азербејџан. Тимот на Марјан Илиевски сериозно си ја сфати работата вечерва во салата „Кале“ и не му даде никаква шанса на противникот, кој вечерва имаше улога на статист во најголем дел од пресметката во македонската престолнина. Нашите кошаркари воспоставија победнички ритам од самиот старт и брзо почнаа да го полнат кошот на ривалот, па какошто одминуваше времето, така разликата се зголемуваше и на крајот достигна неверојатни 38 поени. Македонија ги доби сите четири четвртини…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 ч.) во својата сала ќе го пречекаат европскиот шампион Магдебург во натпревар од 9. коло во Лигата на шампионите. Битолчани ќе се обидат да направат сензација, иако Магдебург со досегашните игри во групата најави дека е еден од главните кандидати за европскиот наслов и оваа сезона. „Не е лесно да се игра против Магдебург. Имаме искуство од првиот натпревар и треба многу работи да подобриме за да имаме шанси против нив. За среќа сега го имаме комплетниот ростер, не бевме во нашиот најдобар момент кога игравме во Германија. Мора да бидеме внимателни на нивниот…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола синоќа го имаше својот 100-ти натпревар во Лигата на шампионите како менаџер на англискиот клуб. „Граѓаните“ загубија од Баер (Л) на домашен терен (0:2) во 5-тото коло од лигашката фаза, но Пеп успеа да направи уште еден голем јубилеј. Само Алекс Фергусон (190 со Манчестер Јунајтед ) и Арсен Венгер (177 со Арсенал) имаат повеќе настапи во Лигата на шампионите со некој од англиските тимови. Пеп има 62 победи, 18 нерешени и 20 порази во ова натпреварување како кормилар на „граѓаните“.

Read More

Капитенот на Барселона, Роналд Араухо синоќа во Лондон против Челзи го доби својот четврти црвен картон во дресот на Каталонците почнувајќи од март 2023 година. Во перидот до вчера, само Домингос Дуарте (5) од Хетафе бил исклучен повеќе пати додека играл за еден тим во петте најдобри лиги во Европа. Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, по мечот рече дека ќе разговара со Араухо за исклучувањето. „Не знам што се случи со првиот жолт картон. Треба да разговарам со него и да го гледам видеото, а што се однесува до вториот, не требаше да се однесува така. Но, вакви работи се…

Read More

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, по победата над Барселона во Лигата на шампионите синоќа, не го криеше своето задоволство и од играта и од резултатот кој го постигна неговиот тим. „Игравме добро дури и во формат 11 на 11. Знаете дека Барса е задоволна со топка, а не толку без неа. Се обидовме да ги пронајдеме нашите шанси, постигнавме голови, но три од нашите гола беа и поништени. Имаше и многу други шанси. По натпреварот, им кажав на играчите дека треба да се опорават, тоа е најважно. И почнувајќи од петок, треба да се фокусираат на Арсенал. Треба да го…

Read More

Серијата натпревари на кои Барселона редовно успеваше да постигне гол заврши синоќа на „Стемфорд Бриџ“. Каталонскиот тим претрпе пораз од Челзи со 3-0 во петтото коло од Лигата на шампионите и ова е прв меч во кој Барселона не успеа да постигне погодок од 15 декември 2024 година, кога загубија со 1-0 од Леганес. Оттогаш, Барса постигна барем еден гол во 53 последователни натпревари. Барселона не успеа да постигне гол во натпревар од Лигата на шампионите за првпат од 7 ноември 2023 година, кога загуби со 1-0 од Шахтјор. Оттогаш, Каталонците постигнаа гол на 22 последователни натпревари од Лигата на…

Read More
NBA

Словенечката НБА ѕвезда Лука Дончиќ, одигра фантастична прва четвртина, завршувајќи како најдобар стрелец и асистент во победата на Лос Анџелес Лејкерс над градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс со 135:118. Натпреварот се играше во рамките на НБА Купот, во кој двата тима имаа резултат од 2:0 до овој натпревар. Лејкерсите славеа, предводени од Дончиќ кој одигра одлична прва четвртина во која ги погоди своите први пет обиди за тројка. Потоа, постигна 24 поени. До полувреме стигна со 32 поени, но малку се „олади“ во вториот дел. Го заврши натпреварот со 43 поени, девет скока и 13 асистенции. Леброн Џејмс, кој се…

Read More