Светскиот првак во Формула 1, Макс Верстапен, одговори на одлуката на Мекларен да им даде еднакви можности на Ландо Норис и Оскар Пјастри во борбата за титулата.
Норис е пред Пјастри и Верстапен со 24 поени разлика, а остануваат уште две кола до крајот на сезоната.
„Тоа е совршено. Треба да им биде дозволено да се борат – зошто некој одеднаш би рекол дека Оскар не може да се бори? Да ми го кажата тоа, немаше ни да дојдам на последните трки. Ако си вистински победник, мора да се бориш дури и ако заостануваш. Инаку, зошто да доаѓаш? Можеш едноставно да се етикетираш како број два. Што се однесува до мене, имам ист број поени како и Оскар. Како што реков, многу работи мора да тргнат како што треба“, вели четирикратниот шампион во Формула 1 пред трката за Големата награда на Катар.

