Ждрепката за групната фаза на Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи денес, со почеток во 18:00 часот по централноевропско време, во „Кенеди центарот“ во Вашингтон. Досега, 42 екипи го обезбедија своето место на првото Светско првенство со 48 репрезентации. Останатите шест учесници ќе бидат познати во март следната година, за кога се закажани европските и интерконтиненталните плеј-оф натпревари. Пред денешната ждрепка во Вашингтон, учесниците на Светското првенство традиционално се поделени во четири барабани врз основа на нивната ранг-листа на ФИФА. Исклучок се трите домаќини (САД, Канада и Мексико) на кои однапред им беа доделени места во…
Author: saso
Лејкерси ќе играат против Торонто вечерва без една од двете главни ѕвезди во тимот, Словенецот Лука Дончиќ, кој нема да може да игра од лични причини. Словенецот има просек од 35,3 поени, 8,9 скока и 8,9 асистенции по натпревар, додека шутира со 47,8% од полето и 34,1% од линијата на топката во 16 натпревари оваа сезона и е клучен сегмент во составот на „езерџиите“. Лејкерси се втори во Западната конференција со скор од 15-5.
Реал Мадрид е сериозно агрижен за повредите на Трент Александар-Арнолд и Едуардо Камавинга. Двајцата играчи се повредија на вчерашниот натпревар од Ла Лига против Атлетик (3-0). Трент беше заменет во 55-тата минута, Камавинга во 69-тата. Според „Марка“, по првичните прегледи, од Реал Мадрид велат дека повредите изгледаат загрижувачки. Трент и Камавинга денес ќе бидат подложени на дополнителни прегледи, кои ќе ги утврдат конечните дијагнози.
Ракометарите на Пелистер не успеа да слават во Загреб и да ја искористат големата шанса да останат во трка за едно од местата кои водат во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Иако почнаа добро, синоќа во Загреб нашиот првак на крајот беше поразен. Рубен Гарабаја, стратегот на Пелистер даде своја кратка анализа за мечот. „Тежок натпревар. Добро го отворивме, и би рекол дека игравме доста добро на дефанзивната страна, но за да победите во натпревар од Лигата на шампионите мора да играте добро на двете страни од теренот, а против Загреб нашиот напад не изгледаше добро. Тоа е дефинитивно…
Светскиот првак во тешка категорија, Александар Усик, побара дозвола доброволно да ја одбрани својата титула во WBC. Таа петиција беше одобрена вчера, со тоа што поранешниот шампион Деонтеј Вајлдер се искачи меѓу првите 10 на WBC, па сега Американецот има право да го предизвика Усик во битка за појасот. Усик е непоразен, но повеќе не е неоспорен светски шампион во тешка категорија откако ја напушти титулата во WBO, која ја имаше од 2021 година, кога првпат го победи Ентони Џошуа. Но, украинската ѕвезда ги има шампионските појаси во тешка категорија на WBC, WBA и IBF и сега доби дозвола доброволно…
Во пресрет на натпреварот меѓу Лацио и Милан во осминафиналето од Купот на Италија, Масимилијано Алегри најави дека очекува неверојатна атмосфера во Рим, што само по себе треба да донесе голем дерби натпревар. „Ќе не пречека одлична атмосфера, како и секогаш, во Рим. Играме против Лацио во осминафиналето на Купот на Италија, а тоа е важна цел за двата тима. Ќе биде одличен натпревар против тежок тим, каков што видовме и во саботата“, потенцира Алегри. „Купот на Италија не го интересира никого до осминафиналето. Штом натпреварувањето почне да напредува, сите со право се заинтересирани за купот. Ќе мора да бидеме…
Ливерпул не успеа да победи на пет од последните седум домашни натпревари во сите натпреварувања. Екипата на Арне Слот синоќа одигра нерешено со Сандерленд (1:1) во 14-то коло од Премиер лигата и ја продолжи низата од три натпревари без победа пред своите навивачи. Во претходните два натпревари на „Енфилд“, „црвените“ беа поразени прво од Нотингем (0:3), а потоа и од ПСВ (1:4). Од 19 октомври, Ливерпул загуби и од Манчестер Јунајтед (1:2) и Кристал Палас (0:3), а победа само против Астон Вила (2:0) и Реал Мадрид (1:0). Ливерпул следниот натпревар ќе го игра дома на 13 декември против Брајтон.
Челзи синоќа загуби за првпат по осум натпревари и тоа на гостувањето кај Лидс Ј. Енцо Мареска го призна поразот. „Тие беа подобри од нас во секој поглед и заслужено победија. Немаме што да извлечеме од овој натпревар за во иднина. Можеме само да се обидеме да разбереме што направивме, а потоа да почнеме одново. Игравме многу добро против Арсенал и Барселона, но тоа не значи дека секогаш ќе играме на ист начин, бидејќи треба да се прилагодиме на ситуацијата и да ги ротираме нашите играчи. Нивото на игра нема секогаш да биде исто. Секако, по натпревари како последните два,…
Шкотски Селтик го објави назначувањето на новиот тренер. Брендан Роџерс поднесе оставка од позицијата на 28 октомври, а синоќа Келтите го потврдија назначувањето на Вилфред Нанси за нов тренер на првиот тим. Тој потпиша договор на две и пол години. Вилфред ќе ја започне својата нова улога на 4 декември 2025 година. Тој се приклучи во Селтик од клубот од МЛС лигата, Колумбус, каде што ги освои Купот и Лига купот на МЛС, а беше прогласен и за тренер на годината во 2024 година.
Ракометарите на Вардар веќе го обезбедија своето место во ТОП 16 фазата од ЕХФ Европската лига, но посакуваат на утрешниот последен меч од групната фаза да финишираат со домашна победа. Во Скопје гостува француски Тулуз, а на прес-конференцијата пред натпреварот, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ вели дека Вардар ќе бара победа на секој меч. „Имавме добра недела со две важни победи против Сесвете и Охрид. Сега ни доаѓа Тулуз, во натпревар без значење, но играме добро, се подготвувме и сакаме да запишеме уште една победа. Да завршиме во оваа фаза без пораз. Сакаме да им покажеме на нашите навивачи како…
