Author: saso

„Скај Германија“ објави дека германскиот шампион Баерн планира да контактира со агентскиот тим на Марк Гуеи уште на Нова Година, кога ќе има помалку од шест месеци од договорот со Кристал Палас. Гуеи е многу баран централен дефанзивец кој беше блиску до трансфер во Ливерпул минатото лето. Трансферот пропадна откако Палас не успеа да обезбеди замена за него пред затворањето на летниот преоден рок. „Скај“ објави дека главниот фудбалски директор на Баерн, Макс Еберл, е решен да започне разговори со Гуеи што е можно поскоро.

Read More

Вардар 1961 има поставено високи цели за тековнава сезона, сезона во која работите се движат во посакуван правец и покрај повредите на неколку важни играчи, но клубот веќе размислува и за следната кампања и веќе има договорено неколку засилувања. Пред два дена „Моцарт Спорт“ пренесе дека „црвено-црните“ го договориле крилото Вукашин Воркапиќ, а сега истиот медиум тврди дека е завршена работата и со 26-годишниот Милан Бомаштар. И Милан е српски репрезентативец, голман висок 201 сантиметар кој во моментов е дел од француски Шатр, но по завршувањето на договорот на крајот на сезонава ќе се пресели во Скопје. Тој имал доста…

Read More

Договорот за позајмица меѓу Реал Мадрид и Лион за бразилскиот напаѓач Eндрик е финализиран. Тој ќе го напушти мадридскиот клуб на позајмица во јануари за да стекне искуство пред Светското првенство, според „АС“. Според изворот, оваа позајмица е корисна за сите страни. Ендрик ќе стекне играчка пракса со тим кој се натпреварува во европските натпреварувања и ќе има шанса да го импресионира Карло Анчелоти и да заработи место во бразилската репрезентација. Реал Мадрид, во меѓувреме, ја штити својата инвестиција, откако потроши над 60 милиони евра за Eндрик. Клубот сè уште верува во неговиот потенцијал и сака да ја задржи неговата…

Read More

Бразилската фудбалска конфедерација е во преговори со селекторот на репрезентацијата, Карло Анчелоти, за потпишување на нов договор до 2030 година. Италијанскиот стручњак ја презеде бразилската репрезентација во мај 2025 година. Моменталната плата на Анчелоти наводно е околу 10 милиони евра годишно, што е највисока меѓу тренерите на националните тимови. Договорот вклучува и бонус од 5 милиони евра доколку Бразил го освои Светското првенство во 2026 година. Се забележува дека, според бразилските официјални лица, селекторот веќе направил доволно за да ја врати репрезентацијата на вистинскиот пат и да ги зголеми очекувањата за Светското првенство.

Read More

Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена беше на мини подготовки во Струмица каде одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. Составот предводен од селекторот Димитар Капинковски на двата меча забележа победи од 2:1 и најави дека следната година можеме да очекуваме добри вести од квалификацискиот турнир за пласман на континенталниот шампионат. “Овие натпревари ги искористивме за воигрување на екипата бидејќи следната година не очекуваат квалификации за пласман на Европското првенство. За мечевите против Црна Гора сметав на 25 играчи и сите добија шанса што за мене и стручниот штаб беше одлична можност да…

Read More

Турнејата на аргентинската легенда Лионел Меси не започна како што беше планирано. Фудбалските фанови кои дојдоа на стадионот „Солт Лејк“ во Калкута беа крајно разочарани од појавувањето на Меси на теренот. Тој беше опкружен со огромен број ВИП гости, кои им спречија навивачите да го гледаат. Ова доведе до сериозно незадоволство кај навивачите на трибините, кои почнаа да кршат седишта и да ги фрлаат на теренот. Меси е во Индија како дел од турнејата на која ќе присуствува на концерти, младински фудбалски тренинзи, турнир во падел и ќе започне добротворни иницијативи на настани во Калкута, Хајдерабад, Мумбаи и Делхи.

Read More

Актуелниот олимписки шампион на 200 метри, Лесил Тебого откри дека три земји активно му нидат да се натпреварува под нивното знаме. Како што изјави самиот во едно интервју, сите три земји се упорни да го убедат да се натпреварува за нивната земја. Олимпискиот шампион на 200 метри испиша историја во Париз со својот африкански рекорд од 19,46, завршувајќи пред Американците Кенет Беднарек и Ноа Лајлс освојувајќи го златото. Неговата извонредна сезона продолжи со постигнување поексплозивни времиња, завршувајќи ја годината со одлични 19,80 за второто место на финалето на Дијамантската лига во Брисел. Тебого откри дека станува збоер за Катар, ОАЕ…

Read More

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, го разгледува Мајами како свој втор избор по Њујорк за трејд во следниот период. Ова е информација која во медиумите ја пласираше новинарот Хауард Бек. „Повторно, додека работев на делото за Јанис и разговарав со луѓе од лигата, Мајами ми беше посочено како место каде што Јанис навистина би сакал да биде, ако не оди во Њујорк“, рече Бек. Претходно, среде гласини за можна промена на клубот, се појави извештај дека грчкиот кошаркар купил недвижен имот во Бруклин.

Read More

По поразот од Ливерпул во Лигата на шампионите, а во очекување на дуелот со Џенова викендов, Интер сигурно нема да смета на Ачерби и Чалханоглу кои се повредени. Искусниот дефанзивец Ачерби ќе биде надвор од игра за Суперкупот, но бековската линија е најмалку загрижувачка со оглед на изобилството на алтернативи и решенија. Сепак, проблемот со средниот ред почна да гоз агрижува тренерот Киву. Чалханоглу има мали надежи за патување во Саудиска Арабија, па и за мечот со Џенова Киву ќе мора да направи ротација со Барела, Мхитарјан, Зелински и Сучиќ.

Read More

Според „Атлетик“, младата ѕвезда на лидерот во Премиерлигата, Арсенал, Макс Дауман ќе отсуствува од терените во следните два месеци поради повреда на лигаментите на глуждот. Се наведува дека Дауман се повредил за време на пријателскиот натпревар против Манчестер Јунајтед зад затворени врати, но нема да му биде потребна операција. 15-годишникот, кој го слави својот 16-ти роденден дури кон крајот на декември, го имаше своето деби за првиот тим претходно оваа сезона и се смета за еден од најдобрите таленти во англискиот фудбал. Дауман беше целосно интегриран во сениорскиот тим на Арсенал за време на предсезоната. и покрај неговите години.

Read More