Доаѓањето на Фабио Паратичи во Фиорентина се чини дека влегува во завршна фаза, бидејќи поранешниот директор на Јувентус и Тотенхем се стреми да го преобликува спортскиот оддел на клубот. Паратичи веќе дал согласност за трансферот и сега е фокусиран на составување на својот тим соработници. Клучна фигура за која се очекува да му се придружи на Паратичи во Фиренца е Леонардо Габанини. Двајцата имаат долгогодишна професионална врска, а Габанини наводно ќе има значајна улога во скаутинг зоната, потенцијално да служи како нов главен скаут на клубот. Паратичи внимателно го избира вистинскиот персонал што ќе го поддржи во оваа нова улога,…
Author: saso
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за престојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка 2026 година. На конечниот избор на Лазаров се најдоа 21 ракометар, а споредувајќи со претходните списоци, речиси и да нема ниту едно изненадување. Единствено, го нема кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој сè уште заздравува од повредата на рамото. Затоа, деби на еден голем собир ќе има младиот ракометар на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски. Исто така, интересно е тоа што во списокот има само еден интернационалец – голманот Мартин Томовски. Во случај на непосакуван проблем, Лазаров има на списокот седум ракометари кои ќе бидат…
Екипата на Тиквеш на крајот од првиот дел на сезоната финишираше со задоволителни резултати, особено по промената на тренерското место на кое по заминувањето на Ѓорѓи Мојсов пристигна Борче Христов. Осмото место ветува добра стартна позиција за напролет, барем што се однесува до битката за опстанокот. „Реално кога пристигнав во Кавадарци, екипата беше во резултатска и играчка криза. Овој тим има голем потенцијал, квалитет. Единствено на што мораше, и требаше да се поработи на психолошки момент. Да се врати тимот мотивациски. Се останато беше на сосема завидно ниво. Физички, тактички, екипата беше и повеќе од задоволително подготвена. Што се однесува…
Познатиот режисер и навивач на Њујорк, Спајк Ли, верува дека сегашниот тим на Никс е способен да го врати трофејот од НБА шампионатот. Никси ја освоија титулата во 1970 и 1973 година. Во вторникот, клубот од Њујорк го освои новиот трофеј во лигата, НБА Купот. „Што можам да кажам по оваа победа? Не сме завршиле. Ова е наша сезона. Бев на седмиот натпревар во сезоната 1969/1970, имав 13 години. Последен пат победивме во 1973 година. Поминаа повеќе од 50 години. Пет децении. Тоа е многу, многу, многу, многу долго време. Но, тоа ќе биде апсолутно среќен и радосен ден во…
Пилотот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја сумираше сезоната 2025 и го сподели своето мислење за перспективите на тимот за следната година. „Можевме подобро, но јас сум задоволен од тоа како ја минав сезоната 2025. Навистина ми помогна тоа што успеав да го надминам тешкиот период; станав многу посилен ментално. Перспективата за сезоната 2026 изгледа ветувачка. Го видов развојот на нашиот проект, подобрувањето на болидот во аеродинамичниот тунел и напредокот на Мерцедес со моторот. Но, сепак нема да знаеме каде се наоѓаме во пласманот сè додека не се квалификуваме за трката во Мелбурн. Можен трансфер во Ферари во иднина? Ферари…
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, славеше убедливо со 72:90 во големото градско дерби на вечните ривали, против екипата на Работночки. На дуелот во СРЦ Кале во рамките на 169-то дерби, гостите беа далеку подобар ривал и сосема заслужено дојдоа до победа. Уште во првиот дел МЗТ Скопје направи предност која најави сигурен триумф. „Штрковите“ на пауза заминаа со 37:51. Третата четвртина повторно им припадна на кошаркарите на актуелниот шампион, овој пат со четири поени разлика, за во завршните 10 минути само да ја одржат предноста за конечен триумф. Меккејден со 22 поени беше најефикасен на мечот, додека Алстон од Работнички…
Дефанзивецот на Ливерпул и капитен на тимот, Вирџил ван Дајк, проговори за ситуацијата со Мохамед Салах. По вчерашниот дуел и победата над Брајтон од 2:0, Холанѓанецот смета дека сите во клубот му даваат голема поддршка на Египќанецот. „Сите се надеваме дека Салах ќе се врати и ќе биде важен за нас до крајот на сезоната. Од друга страна, сите знаеме дека во фудбалот тешко е да се предвиди иднината. Се надевам дека Мо ќе остане бидејќи тој е еден од лидерите и е многу важен за нас“, рече ван Дајк.
Денеска стана јасно зошто напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, не играше против Осасуна на вчерашниот меч и цел дуел го преседе на клупата за резерви. 37-годишниот Полјак не играше поради проблем со задниот дел од бутот, јави Радио Каталуња. Левандовски можеше да влезе во игра 15 минути доколку беше потребно. Сепак, по првиот гол во 70-тата минута, таа опција беше исклучена. Оваа сезона, Левандовски одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигна 8 гола и имаше 2 асистенции.
Реал Сосиедад денеска му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Серхио Франциско. Баскискиот клуб претрпе пораз од 2-1 на домашен терен од Џирона во петокот во 16-то коло од шпанското првенство, а претходно загуби три натпревари по ред во Ла Лига и се спушти на 15-то место со 16 бода. Сосиедад објави раскинување на договорот со Франциско, кој претходно работеше во младинските тимови на Баскијците 11 години и го замени Иманол Алгуасил во првиот тим во летото. Тимот до крајот на годината ќе го води тренерот на вториот тим, Џон Ансотеги.
Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Интер има голема желба да го замени Јан Зомер со голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио. Интер започна потрага по долгорочна замена за Зомер, а според информациите на весникот, прв „пик“ на „нероаѕурите“ е голманот на лондончани. 29-годишниот голман наводно ги исполнува сите критериуми што Интер ги наведе за нов, постојан прв избор на голман во следните неколку години. Моментално нема преговори меѓу Интер и Тотенхем, но се вели дека Италијанците ја подготвуваат стратегијата за тоа како договорот ќе биде реализиран. Тотенхем има договор со Италијанецот до летото 2028 година.
