Дефанзивецот на Ал-Хилал, Жоао Кансело, има намера да почека понуда од Барселона во зимскиот преоден рок. Според „Диарио Спорт“, каталонскиот клуб ја истражувал можноста за трансфер преку агентот на Португалецот, но сега смета дека враќањето на Кансело е малку веројатно и од финансиски причини (играчот има висока плата) и од спортски. Интер моментално води во трката за Кансело, но, Жоао има намера да почека одговор од Барса. Според Фабрицио Романо, дефанзивецот би го избрал каталонскиот клуб доколку добие понуда.
Author: saso
Челси сосема неочекувано одлучи да се раздели со тренерот Енцо Мареска на почетокот на оваа календарска година и со тоа си отвори нов проблем, прашање кое ќе мора да го реши, затвори во наредниов период. Едно име според информациите на медиуми се издвојува како прв фаворит за наследник на Италијанецот, а тоа е некогашниот младински репрезентативец на Англија, Лијам Росениор. Тој од 2024 година го предводи составот на Стразбур, тим со кој имаше добра прва сезона и го одведе во Европа, а со тоа го привлече вниманието. „Ќе зборувам за Ница бидејќи тоа е мојата работа. Има многу врева, многу…
Ракометната федерација на Македонија со особено задоволство го продолжува долгогодишното и успешно партнерство со Македонски Телеком, кој и во наредниот период ќе остане еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет. Македонски Телеком со години претставува стабилен и сигурен партнер на националните ракометни селекции, давајќи значаен придонес во развојот на ракометот и промоцијата на спортските вредности во нашата држава. Поддршката што ја добива македонскиот ракомет преку ова партнерство е од суштинско значење за континуитетот, квалитетната подготовка и настапите на нашите репрезентации на големите меѓународни натпреварувања. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, изрази благодарност за довербата и поддршката, истакнувајќи дека…
Фудбалскиот клуб Вардар информираше дека во недела во 12 часот во Дијамантската сала на хотел Хилтон, ќе одржи комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов кој почина, по кратко боледување, на 70-годишна возраст. „ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата“ – информираат од најтрофејниот македонски клуб.
Оливер Гласнер, сепак, одлучил да го промени тимот на крајот на сезоната. Менаџерот на Кристал Палас, одлучил да не го обнови договорот со својот сегашен клуб. Се забележува дека проблемот не е само во парите, туку и во „проектите и идеите“. Австрискиот стратег ги тренира „Орлите“ од 2024 година. Под негово водство, тимот ги освои ФА Купот и Суперкупот. Договорот меѓу страните истекува летото 2026 година.
Македонскиот олимписки комитет продолжува со сеопфатниот процес за ревитализација на локалниот спорт и зајакнување на врската меѓу училишниот и врвниот спорт. Преку продолжување на интензивна соработка, овој пат со општините Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, се поставуваат нови темели за научен пристап во идентификација и селекција на младите македонските спортисти идни Олимпијци. Револуционерен чекор во оваа соработка е користењето на Олимписката лабораторија за високи спортски перформанси. Овој Олимписки центар ќе овозможи прецизни мерења на антропометриски карактеристики, моторичките способности и физиолошките параметри на младите спортисти и преку оваа координирана акција, институциите ќе треба максимално да ја искористат постоечката спортска…
Баерн сè уште ја разгледува можноста Саша Бое да замине оваа зима и во моментов за него бара до 20 милиони евра. Бое одби бројни понуди и е спремен да се пресели само во клуб со ветувачки перспективи. Кристал Палас изрази интерес, но досега разговорите не напредуваат. „Галатасарај внимателно ја следи ситуацијата. Баерн сака барем позајмица со опција за откуп“, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Бое не се појавил на теренот за Баерн од 1 ноември. Тој одигра само девет натпревари во Бундеслигата оваа сезона.
Сезоната на фудбалерот на Монако, Такуми Минамино е завршена, а учеството на јапонскиот репрезентативец на Светското првенство во 2026 година е под знак прашалник откако Монако објави дека 30-годишниот играч од средниот ред ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено. Минамино се повреди за време на натпреварот против Оксер (2:1) во неделата во Купот на Франција. Повредите на предните вкрстени лигаменти обично бараат рехабилитација меѓу шест и девет месеци, што укажува дека Минамино веројатно нема да биде член на репрезентацијата на Јапонија за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Денеска не напушти еден великан на македонскиот фудбал и спорт – Васил Рингов. Некогашниот голгетер на скопски Вардар ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери кои Македонија ги имала некогаш. За помладите и оние кои немале можност да го гледаат во живо, потсетување на некои моменти и голови од кариерата на Рингов. https://www.youtube.com/watch?v=ol3TTpQI14Q https://www.youtube.com/watch?v=-bn0iDsDoJI https://www.youtube.com/watch?v=aFsKIu3ZY1Q
Македонскиот фудбал денеска загуби една од своите најголеми легенди. На седумдесетгодишна возраст, по кратко боледување почина Васил Рингов, поранешен македонски и југословенски репрезентативец, еден од најдобрите фудбалери што Македонија ги имала. Роден во Струмица во 1955 година, Рингов фудбалската кариера ја започна во Беласица, по што настапуваше и за Партизан, Тетекс и Вардар, каде го остави најдлабокиот печат. Во вардаровиот дрес одигра над 200 лигашки натпревари и постигна 93 гола, станувајќи еден од симболите на клубот во осумдесеттите години. Кратко настапуваше и за Динамо Загреб, како и за германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.
