Author: saso

Камил Раст ја потврди својата доминација во Словенија и победи на уште една трка од Светскиот куп во алпско скијање. По триумфот во велеслаломот во саботата, Швајцарката славеше и во слаломот во Крањска Гора денеска. Таа имаше најдобро време во двете возења и заврши со вкупно време од 1:40.20 минути. Нејзиниот подвиг добива на значење бидејќи ја запре неверојатната Микаела Шифрин. До оваа трка, Американката имаше пет победи во исто толку слаломи оваа сезона, но овој пат мораше да се задоволи со второто место. Иако возеше брилијантно, особено во второто возење, на целта беше 14 стотинки зад Раст. Третото место…

Read More

Иднината на Нуно Еспирито Санто во Вест Хем е во прашање по поразот од 3-0 од Вулверхемптон во 20-то коло од Премиер лигата. Раководството на клубот размислува за промена на менаџерската позиција. Според „Ток Спорт“, Славен Билиќ, кој претходно ги водеше „чеканите“, е подготвен да се врати во клубот доколку раководството одлучи да го замени Португалецот. Сопственикот на клубот, Дејвид Саливан, веќе изрази сомнежи во врска со назначувањето на Нуно Еспирито Санто, кој го замени Греам Потер. И покрај првичните намери да го вратат Билиќ, одборот на директори го убеди Саливан да му даде предност на португалскиот тренер. Мајкл Карик,…

Read More

Македонската ракометна репрезентација го одработува последниот дел од подготовките во Скопје, пред да замине за Швајцарија, каде ќе ја била формата за претстојното Европско првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од досегашниот дел од подготовките. „Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, не треба да брзаме со конечниот список на патници на Европското првенство. Треба да почекаме да поминат уште овие два-три дена и потоа ќе се одлучи кои ќе настапат на шампионатот. Задоволен сум од досегашниот тек на подготовките, имаме позитивна атмосфера во тимот. Пред настапот на ЕП ќе одиграме три контролни средби…

Read More

Екипата на Тиквеш од Кавадарци под водство на тренерот Борче Христов најави дека дел од подготовките за вториот дел од сеозната ќе ги спроведе во Турција. Тиквеш во последните неколку кола од есенскиот шампионат се рехабилитираше, а зимава се посакува уште подобри настапи и резултати. Кавадарчани на подготовки заминуваат на 17 јануари и тоа во Белек, каде што ќе престојуваат до 31 јануари. Официјално првата прозивка оваа зима Христов ја закажа на 9 јануари.

Read More

Тајсон Фјури потврди дека ќе се врати на рингот во 2026 година, точно 12 месеци откако се пензионираше од боксот. 37-годишниот поранешен светски шампион во тешка категорија се пензионираше минатиот јануари по вториот пораз од Украинецот Александар Усик во многу тесна борба. Фјури навести можно враќање со објави од тренинг на социјалните мрежи за време на празниците, а во неделата официјално потврди дека повторно ќе се бори оваа година. „2026 година е година на враќање. Бев отсутен некое време, но сега се вратив, имам 37 години и сè уште можам да удрам. Нема ништо подобро од тоа да удираш луѓе…

Read More

Турскиот клуб Галатасарај се насочи кон играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези. Според инсајдерот Џанлука Ди Марцио, клубот од Истанбул е подготвен да инвестира до 35 милиони евра во договорот. Според извор, истанбулскиот клуб разгледува опција за позајмица со можност за откуп на договорот на играчот. Оваа формула наводно е целосно прифатлива за Интер, бидејќи Италијанците сакаат да го продадат играчот со гаранција, наместо да бидат исполнети одредени услови. Давиде Фратези игра за Интер од јули 2023 година.

Read More

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се враќа во Евролига. По вчерашните пишувања во руските медиуми, денеска стана јасно дека нашиот репрезентативец во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Баерн (М), но најпрво ќе мора да се минат лекарските прегледи. Димитријевиќ денеска треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со германскиот тим, предводен од Светислав Пешиќ. Дебито во дресот на новиот тим треба да го има седми јануари на домашниот терен против Басконија.

Read More

ФК Вардар годината ја започна со продолжување на соработката со фудбалери од актуелниот состав. Од таборот на „црвено-црните“ известија дека и Михаил Маневски потпишал нов договор, со важност до јули 2028 година. Манаевски кој добро се снаоѓа на позиција лев бек и лево крило, во Вардар дојде во 2024 година од таборот на Тиквеш. Во својата кариера има настапувано за Брегалница, Академија Пандев, Гостивар и Шкендија. Ден претходно Вардар објави продолжување на договорот и со Аргентинецот Диего Кастењеда, кој останува во редовите на „црвено-црните“ до 2028 година.

Read More

Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер го соопшти планот за зимските подготовки кои ќе бидат од големо значање пред предизвиците кои престојат во преостанатиот дел од натпреварувачката 2025/2026. „Зелено-белите“ ќе стартуваат на 9 јануари во Битола по што потоа ќе следи патување во Турција каде екипата ќе биде во Анталија од 17 до 31 јануари. Тука Пелистер ќе има три пријателски средби со противници од Србија, Босна и Херцеговина и Узбекистан. 20 јануари – Пелистер – Спартак Суботица (Србија) 24 јануари – Пелистер – Железничар (БиХ) 28 јануари – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

Read More

Манчестер Јунајтед нема намера да го отпушти менаџерот Рубен Аморим, ниту да го разгледува Енцо Мареска како негова замена, според информациите од инсајдерот Фабрицио Романо. „Во оваа фаза, информиран сум дека не се водат никакви преговори помеѓу Манчестер Јунајтед и Енцо Мареска. Манчестер Јунајтед останува посветен на својата позиција за целосна поддршка на Рубен Аморим и нема планови да промени ништо во оваа фаза“, рече Романо. Иднината на Енцо Мареска стана тема на дискусија по неговото заминување од Челзи. Гласините за неговиот можен трансфер во двата клуба од Манчестер почнаа да циркулираат во некои меѓународни медиуми.

Read More