Author: saso

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски по одличната арбитража на мечот меѓу Шведска и Холандија, добија втора номинација. Тие ќе го судат дербито за првото место во групата Ф вечерва меѓу Унгарија и Исланд што ќе реши која селекција во главната рунда ќе пренесе два бода. Македонските судии првпат се на сениорско ЕП, но покажаа дека се дораснати и имаат и квалитет и знаење да ги судат и најтешките натпревари.

Read More

Италијанскиот тим Рома планира големи промени во својата одбранбена линија за време на зимскиот преоден рок. Според извештаите од Италија, „волчицата“ е подготвена предвреме да го раскине договорот за позајмица на Костас Цимикас и да го врати во Ливерпул. Откако веќе го засили својот напад со Робињо Ваз од Марсеј и Дониел Мален од Астон Вила, главниот тренер Џан Пјеро Гасперини го насочи вниманието кон одбранбениот ред. Грчкиот дефанзивец не е дел од плановите на „римјаните“ за втората половина од сезоната. И покрај здравствените проблеми на стартерот Анхелињо, Цимикас не успеа да се етаблира во првиот тим.

Read More

Селекторот Кирил Лазаров во пресрет на првиот дуел од ЕП 2026 во Хернинг игра со моќната Данска. Данците ќе имаат поддршка од трибините, тие се тим кој е актуелен светски и олимписки првак. „На првиот меч играме против најдобриот тим на светот во последните десет години, тоа е Данска. Возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, ќе ни биде многу тешко, но немаме што да загубиме на овој меч и ќе се обидеме да уживаме. Разговарав со моите млади играчи на кои ова им е ново искуство, ќе играат против земја во која се сака ракометот и…

Read More

Џакомо Распадори го заврши трансферот во Аталанта. Италијанскиот клуб го објави трансферот на 25-годишниот напаѓач од Атлетико Мадрид. Според Фабрицио Романо, договорот е вреден 22 милиони евра, со дополнителни 1 милион евра во бонуси. Оваа сезона во Ла Лига, Распадори одигра 12 натпревари, со просек од 18 минути на теренот и една асистенција. Неговата статистика може да се најде тука .

Read More

Србија веќе ја започна тешката група во прелиминарната рунда како аутсајдер, но нивниот пораз од 27-29 од Шпанија покажа дека воопшто не се без шанси. Голманот Дејан Милосављев беше самокритичен по синоќешниот пораз во Хернинг. „Боли. Изгубивме, но Шпанија е добар тим. Не имплементиравме сè што подготвивме. Ни треба поголема концентрација во играта; ниту мојата изведба не беше на добро ниво“, рече Дејан Милосављев. „Играме со сè што имаме. Против Германија, сите играчи мора да играат добро, а секој играч мора да биде добар играч за да ја победиме Германија“, вели некогашниот голман на скопски Вардар.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го пропушти натпреварот од Ла Лига против Леванте во сабота поради болки во коленото. И покрај фактот што Французинот тренираше како и обично во четврток, сепак го мачи повредата, поради која го пропушти 1/8-финалниот натпревар од Купот на Шпанија со Албасете (2:3), а во финалето од Суперкупот на Шпанија против Барселона (2:3) влезе како замена во 76-тата минута. Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, тренираше со главната група во четврток и е достапен за игра против Леванте. Тој го пропушти натпреварот против Албасете поради мускулен проблем.

Read More

Фудбалерт од средниот ред на Баерн Минхен, Конрад Лајмер, ќе биде надвор од терените во догледна иднина поради скинат мускул на листот. Австриецот се повреди во средата на натпреварот од Бундеслигата против Келн (3:1). Засега лекарите немаат конкретен термин за враќање на искусниот фудбалер, но евидентно е дека ќе мора да паузира најмалку три недели. На 16 натпревари од актуелното германско првенство, Лајмер има 2 гола и 4 асистенции.

Read More

Некогашниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез, кој сега е селекторот на српската ракометна селекција, не го криеше незадоволството од поразот од Шпанија на стартот од шампионатот. „Тешко беше за нас, одигравме катастрофално на стартот, направивме многу грешки и промашивме три пенали. Во вториот дел бевме нешто подобри, но не издржавме до крај. Треба да ја подобриме одбраната, но и нападот. Сега треба да се фокусираме на натпреварот со Германија. Никогаш не се знае, но јас мислам дека ќе бидеме подобри против бундес-тимот. На Македонија ѝ посакувам сè најдобро, на Киро на играчите. Мислам дека Македонија има шанси за втора фаза…

Read More

По вчерашната објава на шкотски Хартс дека постигнале договор со Роџерс Мато за слободен трансфер во летниот преоден рок, Вардар демонстративно испорача соопштение во текот на денешниот ден, појаснувајќи дека луѓето од управата постигнале договор за продажба со Канзас Сити и дека фудбалерот од Уганда ќе игра во МЛС лигата. Угледниот „Скај Спортс“ реши да ги исконтактира луѓето на шкотскиот и американскиот клуб. Познатиот британски медиум оваа вечер излезе со своја ексклузива и го демантираше денешното соопштение на Вардар, споделувајќи и изјава од портпаролот на Хартс, како и официјален став од Канзас Сити. „Имаме потпишан договор со фудбалерот и целосно…

Read More

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Без девет репрезентативци, кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, пелистерци одржаа работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“. Денешниот тренинг го одработи асистентот Алексо Лембанов. Деновиве се очекува пристигнувањето на новиот тренер Стевче Алушовски и комплетирање на ростерот со доаѓањето на Алем Хаџиќ и Сeид Хeидарирад. Како ќе завршуваат со обврски на ЕП, така ќе се приклучуваат и репрезентативците што се на ЕП – Кузмановски, Ристевски, браќата Атанасијевиќ, Пешевски, Митревски, Хенигман, Тајник и Видомски. Во текот на месец…

Read More