Author: saso

Македонскиот клупски фудбал се наоѓа на 45. место на официјалната листа на УЕФА по последните натпревари оваа недела во европските купови. По одличните настапи на Шкендија, Македонија рапидно напредуваше на листата и сега е веднаш зад Албанија, а ги пројдовме земјите како Литванија, Северна Ирска, Белорусија, Црна Гора… Македонија е единствената земја која е под 40-тото место на УЕФА листата, а која се уште има свој претставник во европските купови, и тоа во името на Шкендија, која на 19 февруари во Скопје ќе го пречека турски Самсунспор во првиот натпревар од плејофот за место во осминафиналето на УЕФА Конференциската лига.

Read More

Потрагата на Интер по долгорочен наследник на Јан Зомер на голманското место во тимот, доби познат пресврт. Сепак „Газета дело Спорт“, Емилијано Мартинез, и покрај неговата репутација и достапност, не одговара на она што го сака хиерархијата на Интер. Како што објави „Газета“, нема преговори за доведување на голманот на Астон Вила во Милано, а Аргентинецот нема карактеристики што ги бара раководството на „нероаѕурите“.дека е многу поспецифично отколку едноставно таргетирање на големо име. Профилот на голманот на Тотенхем, Викарио се вклопува во долгорочното планирање на Интер. Тој сега е претпочитана опција на Интер кој го следат не со недели, туку…

Read More

Наполи ќе потпише договор со напаѓачот на Верона, Џоване Сантана. Клубовите постигнаа договор за трансферот на 22-годишниот играч, според Фабрицио Романо. Договорот е вреден 20 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Бразилецот одигра 21 натпревар во Серија А оваа сезона, постигна три гола и имаше четири асистенции.

Read More

Нов централен дефанзивец е на агендата на Манчестер Јунајтед во последните недели, што доведе до тоа ѕвездата на Нотингем Форест, Муриљо, да се споменува како потенцијално засилување за „црвените ѓаволи“. Бразилецот беше редовен стартер за „шумарите“ во тековната сезона под водство на три различни менаџери досега. Тимот предводен од Шон Дајч моментално бараат надомест од околу 70 милиони фунти за да се разделат со нивниот клучен играч, сума која за Манчестер Ј. се уште е превисока во обидот да ја засилат одбраната. Тој не е единствената опција,с о оглед на тоа што се разгледува и сензацијата на Тотенхем, Мики ван…

Read More
NBA

Стеф Кари влезе во историјата на НБА станувајќи првиот играч кој направил 10.000 шутеви за три поени. На натпреварот против Далас, суперѕвездата на Голден Стејт, имаше 15 шутеви за три поени, од кои погоди 8. Со овој настап, 37-годишниот плејмејкер стана првиот играч во историјата на НБА кој имал повеќе од 10.000 обиди за тројка (4.222 од 10.007 шутеви). Најблиску до него се Џејмс Харден (9.116), Дамијан Лилард (7.556) и Леброн Џејмс (7.446).

Read More

Шампионот во Мото ГП од 2024 година, Хорхе Мартин, претрпе две операции и ќе ги пропушти првите предсезонски тестови, објави Аутоспорт. Хорхе Мартин ќе го пропушти првиот тест пред почетокот на сезоната во Мото ГП закажан во Малезија. Возачот на Априлија, беше подложен на две операции во последните недели поради повредите здобиени минатата година. Шпанецот поголемиот дел од 2025 година го помина опоравувајќи се, откако веќе беше опериран минатата година, но не се чувствуваше 100 проценти подготвен. Како резултат на тоа, Априлија одлучи да спроведе дополнителни медицински прегледи, кои открија потреба од дополнителни интервенции. Според „Аутоспорт“, Мартин ќе го пропушти…

Read More

Легендарниот хрватски ракометен стратег, Лино Червар во опширно интервју за хрватската јавност на широко ги коментира настаните од тековното Европско ракометно првенство во Данска, на кое што учевствуваше и Македонија. Тој смета дека токму тоа поместување од класичната 6-0 одбрана е иднината на ракометот и дека Македонија тоа одлично го применила на ова Европско првенство. „Македонија активно играше одбрана која досега никој не ја играл, а која што јас ја сугерирам во мојата книга. Со неа потполно ги застанаа браќата Коста, и не им дозволија да се разиграат. Токму затоа што Македонија играше проактивно. Имаме два начина на одрбана, 5-1…

Read More

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на седницата одржана на 20ти јануари 2026 година, ја разгледа и едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, г. Марјан Илиевски, поднесена непосредно пред почетокот на седницата, објавија вечерва од МКФ. Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на г. Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја извршуваше селекторската функција, со желби за многу успех во неговата понатамошна кариера. Во продолжение на седницата, Управниот одбор донесе една од најзначајните одлуки во…

Read More

Фудбалерите на Реал (М) вечерва го пречекуваат Монако во меч од 7. коло во Лигата на шампионите. Најдобриот фудбалер на „кралевите“, Килијан Мбапе за очекувањата од денешниот дуел вели:„Монако не е во најдобра форма во моментов, но секогаш знаат како да го одржат своето ниво. Мислам дека треба да бидеме агресивни и да покажеме дека ова е наш ден. Сакаме да победиме за да обезбедиме место меѓу првите осум. Ова е важен натпревар против противник од високо ниво. Фактот дека натпреварот од Лигата на шампионите се игра на „Сантијаго Бернабеу“ ни дава предност“, изјави Мбапе. Моментално, „Лос Бланкос“ имаат 12…

Read More

Србија ја пропушти можноста со победа да се пласира во втората фаза на ЕП. Селекторот на српската репрезентација, Раул Гонзалез, по поразот од Австрија изјави дека неговиот тим бил нервозен и не играл добро во нападот. „Не бевме добри во нападот, нивниот голман беше сигурен. Тие се добар тим, имаат многу ракометари кои играат во Бундеслигата. Денес загубивме, но бевме одлични против Германија. Овој натпревар беше нерешен, го гледате резултатот и можете да заклучите колку беше тесно. Имаше некои исклучувања кои направија разлика, бевме нервозни и ова беше исходот“ – рече Гонзалез по натпреварот.

Read More