Шампионот во Мото ГП од 2024 година, Хорхе Мартин, претрпе две операции и ќе ги пропушти првите предсезонски тестови, објави Аутоспорт.
Хорхе Мартин ќе го пропушти првиот тест пред почетокот на сезоната во Мото ГП закажан во Малезија. Возачот на Априлија, беше подложен на две операции во последните недели поради повредите здобиени минатата година. Шпанецот поголемиот дел од 2025 година го помина опоравувајќи се, откако веќе беше опериран минатата година, но не се чувствуваше 100 проценти подготвен.
Како резултат на тоа, Априлија одлучи да спроведе дополнителни медицински прегледи, кои открија потреба од дополнителни интервенции. Според „Аутоспорт“, Мартин ќе го пропушти првиот предсезонски тест во Малезија, закажан за 3-5 февруари, но се надева дека Мартин ќе се врати зад воланот за вториот предсезонски тест на патеката Бурирам (21-22 февруари) и Големата награда на Тајланд (1 март).

