Author: saso

По ден одмор, денеска продолжуваат возбудувањата на Европското ракометно првенство во Хернинг, Данска, каде на програмата се полуфиналните дуели. Во 15 часот е закажан дуелот за 5. место меѓу Португалија и Шведска, по што во 17.45 во првото полуфинале ќе се сретнат Германија и Хрватска. Ова е 10-то учество во полуфиналето на ЕП за Хрватска, која беше финалист во 2008, 2010 и 2020 година, но никогаш не освои злато. За Германија ова е седмо полуфинале, а го освоија трофејот во 2004 и 2016 година. Хрватска и Германија се сретнале шестпати на континенталните турнири, со пет победи за Хрватите и само…

Read More

Екипата на Интер потврди дека дефанзивецот Аслани до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Бешикташ. Според договорот, тој заминува во Турција како позајмен фудбалер со опција за откуп. До јуни, платата на 23-годишниот албански репрезентативец ќе ја исплаќа турскиот клуб. Аслани моментално е на позајмица во Торино, каде што одигра 15 натпревари во Серија А оваа сезона без да постигне гол.

Read More

Украинскиот интернационалец Александар Зинченко се подготвува за трансфер во Ајакс. Претходно беше објавено дека Арсенал ќе го продаде дефанзивецот, кој моментално е на позајмица во Нотингем Форест. Зинченко ќе потпише договор до крајот на сезоната, под услов да ги помине медицинските прегледи. Доколку партнерството биде успешно, клубот и играчот ќе можат да разговараат за продолжување на договорот. Украинецот ќе отпатува за Амстердам денеска за да го потпише договорот со Ајакс, кој ќе биде со вредност од 1,5 милиони евра плус бонуси поврзани со настапите.

Read More

Иван Перишиќ направи решителен чекор за да се врати на „Сан Сиро“, официјално поднесувајќи барање за трансфер до негвиот сегашен клуб ПСВ Ајндховен. Според Џанлука Ди Марцио, хрватскиот ветеран е решен да обезбеди враќање во Интер пред да се затвори јануарскиот преоден рок. Сепак, патот во моментов е блокиран од раководството на холандскиот клуб. ПСВ сè уште не е отворен за продажба, главно поради претстојниот натпревар од Ередивизие против Феенорд, кој е многу важен. И покрај овој почетен отпор од страна на управата на Ајндховен, Перишиќ нема намера да се повлече. Играчот ќе продолжи да инсистира на трансфер во наредните…

Read More

Мотоциклистот на КТМ, Педро Акоста, се согласи на двегодишен договор со Дукати за сезоните 2027 и 2028 година, објави весникот „Ас“. 21-годишниот Шпанец ќе му се придружи на својот сонародник Марк Маркез, седумкратен шампион во Мото ГП класата. Во 2026 година, Франческо Бањаја ќе продолжи да се натпреварува со Маркез. Договорот меѓу Акоста и Дукати наводно не бил изненадување за КТМ. Производителот ќе го промовира Маверик Вињалес од Tec 3 во фабричкиот тим во 2027 година.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, по поразот од Бенфика во Лигата на шампионите, потенциреше дека е незадоволен од она што се случи на вчерашниот меч во Лисабон. Како и при елиминацијата во Купот на Шпанија од Албасете, така и сега, Арбелоа ја презеде одговорноста за поразот од Бенфика. „Јас сум одговорен за поразот, исто како и во натпреварот против Албасете. Го кажав тоа и претходно и ќе го кажам повторно: се чувствувам целосно одговорен кога работите тргнуваат наопаку и не ги постигнуваме нашите цели. Но, сè уште не сме исфрлени од Лигата на шампионите. Ни остануваат уште два натпревари…

Read More

Голманот на германската репрезентација, Андреас Волф, вели дека Германија не завршија со најдобрите партии на ова ЕП. По пласманот во полуфиналето, апетитите на Германците пораснаа во трката за најсјајниот медал. „Очекувањето за последниот викенд е огромно, бидејќи сè уште сте вклучени во турнирот до самиот крај. Многу тимови во нашиот хотел веќе заминаа; ние сè уште сме тука, остануваме до самиот крај и сè уште имаме задачи пред нас. Тоа е многу посебно чувство“, изјавил Волф, кој сигурно претендира за трофејот за најдобар голман на турнирот.

Read More

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ денеска ќе бидат промовирани како зимски засилувања за екипата на Вардар. Есенскиот шампион потврди дека соработката со двете нови имиња ќе биде официјализирана во текот на денот. Велковски се враќа во Вардар откако гхо заврши договорот со Зрински, додека Цветковиќ последен пат го носеше дресот на екипата на Железничар Панчево. „Црвено-црните“ најавија уште две нови засилувања до крајот на неделата.

Read More

Искусниот македонски одбојкарски репрезентативец Владо Милев кој пред една недела го напушти шампионот Струмица и официјално се врати во Унгарија во неговиот поранешен клуб Казинбарчика. Како што потврдија од унгарскиот клуб,  Владо Милев потпиша договор со клубот до крајот на сезоната. Милев освои две титули во лигата и еден Куп на Унгарија со Казинбарчика меѓу 2017 и 2019 година во две сезони поминати во истиот унгарски клуб. Потоа играше една сезона во Будва, Црна Гора, пред да се врати дома во Струмица.

Read More

Шест англиски клуба се квалификуваа за нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Челзи и Манчестер Сити ќе ја претставуваат Премиер лигата во осминафиналето, а Њукасл се пласираше во плејофот. Германските тимови во плејофот ќе бидат преводени од Баерн (директно во осминафиналето), додека Баер (Л) и Борусија (Д) ќе мората преку плеј оф-. Шпанија ќе има само три тима во следната рунда, Барселона (директно во осминафиналето), Реал и Атлетико (М) во плеј-офот, исто како и Италија, која нема ниту едне осминафиналист, затоа што Интер, Јувентус и Аталанта ќе играат во плеј-офот. Спортинг Лисабон (директно во осминафиналето) и Бенфика ќе…

Read More