Ракометната репрезентација на Хрватска направи извонреден резултат обезбедувајќи место во полуфиналето на Европското првенство, откако вечерва во последното коло од групната фаза ја совлада селекцијата на Унгарија со 27:25 и со тоа го обезбеди првото место во групата. Претходно во оваа група, Исланд со убедливата победа над Словенија од 39:31 исто така го обезбеди своето место во полуфиналето. Познати се и полуфиналистите од втората група во Хернинг, каде вечерва фантастичната Германија го совлада тимот на Франција со 38:34 и успеа да обезбеди место во битките за медал, додека Данска исто така е полуфиналист, но вечерва на мечот со Норвешка ќе…
Author: saso
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по натапите во квалификациите на Австралија Опен се врати во Европа и почна со настап на Челинџерот во Порто. Во првиот меч, нашата тенисерка беше убедлива и славеше со 2:0 во сетови против Ралука Сербан од Кипар и со тоа се пласира во 1/8 финалето на овој турнир. Во гемови беше 6:4 и 6:4, а самиот меч траеше еден час и 40 минути. Турнирот во Порто (Португалија) е со награден фонд од 60.000 долари.
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓоргиев ја оствари првата победа со својот нов клуб Карловарско. Нашиот репрезентативен капитен ги одигра првите минути во дресот на лидерот во чешката Екстралига, каде го доби дресот со број 1. Викендов Карловарско на домашен терен славеше над екипата на Усти над Лабем со 3:1. Ѓоргиев по есенскиот престој во романски Рапид, во вториот дел од сезоната го облече дресот на чешкиот тим со кој ќе се бори за нова шампионска титула во својата долгогодишна интернационална кариера.
Во периодот од 18-25 Јануари, каратистите на Макпетрол успешно го завршија еднонеделните заеднички подготовки во склоп на проектот “Карате – пронајди го својот пат’. Тие заедно со хрватските клубови Хрватски Драговољац – Загреб и Карате клубот Самобор – Самобор, на еднонеделните подготовки тренерите и каратистите, разменија стекнати знаења , искуства и се реализираа голем број на добри практични задачи, со младите каратисти. Ова беше исто така одлична можност да направиме и подготовки за нашите репрезентативци кои треба да учествуваат на европското првенство во Лимасол, Кипар. „Многу сум задоволен од заедничката соработка на нашите клубови. За време на еднонеделниот тренажен период,…
Аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани е во напредни преговори за преземање на функцијата тренер на Вардар, објавија аргентинските медиуми. Вардар кој моментално е лидер во домашното првенство е во потрага по замена за актуелниот стретег Гоце Седлоски, кој седна на селекторската позиција во македонската репрезентација и од јуни ќе се посвети само на оваа работа. За Фабијани, доаѓањето во Македонија ќе биде можност за негово прво професионално искуство надвор од својата земја, пишува аргентински „Инфобае“. Фабијани бара промена во кариерата по предизвикувачкиот престој во „Њуелс Олд Бојс“, кој заврши со негово отпуштање во октомври. „Кристијан Фабијани е во напредни преговори да…
Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Серхио Рамос, заедно со „Фајв Илевен Капитал“, постигнаа принципиелен договор со акционерите на Севиља за купување на клубот, објави „Кадена Сер“. 39-годишниот поранешен фудбалер и неговите партнери моментално ги разгледуваат финансиските извештаи на Севиља и планираат да го склучат договорот во рок од неколку месеци. Според изворот, понудата за купување на клубот била 450 милиони евра и била одобрена од акционерите. Рамос играше за Севиља од 2003 до 2005 година и повторно во сезоната 2023/24.
Милан ја продолжи серијата без пораз во Серија А на 21 натпревар. Тимот на Масимилијано Алегри ги подели бодовите со Рома (1:1) во 22. коло. Оваа сезона, „росонерите“ го загубија само првиот натпревар во лигата – во август. 21 натпревар без пораз е нивната најдолга серија од 2022 година. Тогаш, Милан беа непоразени на 22 натпревари, но таа серија започна во сезоната 2021/22 и заврши во сезоната 2022/23.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, истакна дека победата од 3-2 над Арсенал беше лицето на тимот какво што навивачите сакаат да го гледаат. „Мислам дека беше сосема поинаков натпревар во споредба со минатата недела против Манчестер Сити, затоа што денес натпреварот беше неколку пати нерешен. Минатата недела многу работи одеа во наша корист, но денес момците мораа да дадат сè од себе – покажаа карактер и вистинска вештина кога беше потребно. И сега можеме да го споделиме овој момент со навивачите, да ја славиме победата, да ја почувствуваме. Мислам дека ова е она што сите го посакуваме: голови на…
Норвешките медиуми пишуваат дека актуелниот селектор на репрезентацијата, Јонас Виле, по европското првенство ќе биде сменет. Последниот пораз и загубените шанси за полуфинале, само ја потврдија информацијата дека норвешката федерација размислува за промена на селекторот, чиј договор истекува на лето. Виле изјавил дека сака да остане на селекторското место, но резултатите не му одат во прилог.
Во интервју за српски „Мондо“, некогашниот шведски ракометен репрезентативец Далибор Додер зборуваше за квалитетот на ракометот и ракометните ѕвезди во светот денеска. Тој не се сложува со тоа дека денеска има ѕвезди и квалитетни ракометари како порано. Денес многумина велат дека го гледаме најдобриот ракомет досега, но Додер не се согласува. „Денес го немате Кирил Лазаров. Го имате Гидсел, но тоа не е тоа. Ги нема Карабатиќ, Балиќ… Така беше тогаш, имавте репрезентации кои имаа страшни играчи. Дури и денес имате играчи кои се добри, но секогаш ќе се вели дека порано било подобро“, изјави Додер.
