Ракометната репрезентација на Хрватска направи извонреден резултат обезбедувајќи место во полуфиналето на Европското првенство, откако вечерва во последното коло од групната фаза ја совлада селекцијата на Унгарија со 27:25 и со тоа го обезбеди првото место во групата. Претходно во оваа група, Исланд со убедливата победа над Словенија од 39:31 исто така го обезбеди своето место во полуфиналето.
Познати се и полуфиналистите од втората група во Хернинг, каде вечерва фантастичната Германија го совлада тимот на Франција со 38:34 и успеа да обезбеди место во битките за медал, додека Данска исто така е полуфиналист, но вечерва на мечот со Норвешка ќе бара победа со која ќе го обезбеди првото место во групата.
Ако Данска биде прва во полуфиналето ќе се сретне со Исланд, а доколку остане втора тогаш за противник ќе ја има Хрватска.

