Author: saso

NBA

Тимот на „Ѕвездите на САД“ победи на НБА Ол-стар турнирот откако славеше со 47:21 над вториот состав на кошаркари од САД. „Тимот на светот“ ги загуби двата натпревари. Годинава конечно промени во однесувањето на кошаркарите. Видовме и игра во одбрана, четири натпревари, три екипи и вкупно 48 минути уживање во кошарката, бидејќи сите играчи имаа заедничка цел и мисија, а тоа беше да го вратат сјајот на ремек-делото на средина на сезоната. „Ми се допаѓа овој формат“, рече Ентони Едвардс, без многу објаснување, откако ја освои наградата за најкорисен играч. Овој пристап беше поддржан и од Виктор Вембањама, кој во…

Read More

Македонските таеквондисти, Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ, продолжуваат со фантастични настапи на силните Г1 турнири. Тие викендов се враќаат со две бронзени медали од силниот Австрија Опен Г1 турнир во Инсбрук. Дејан Георгиевски во сениорска конкуренција во категорија + 87 кг. освои бронзен медал откако обезбеди победи над Трајковиќ и Дивковиќ од Словенија во првите две борби, а во полуфиналето беше поразен од Аболфазл Абасипоуја. Нашата Мила Рељиќ исто така трна со победи, но во првите три средби пред да биде запрена во полуфиналето. Мила ги победи во категоријата -62 гк. Менди од Сенегал со 2:0, Леонова од Украина со…

Read More

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски е европски шампион. Белистојаноски на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар во финалето го совлада Гркот Георгиос Балиотис со 2-0 и стана европски шампион. Нашиот репрезентативец демонстрираше одлична форма, навестувајќи дека годинава може да очекуваме и сениорски успех. Пред него, Немања Младеновиќ освои сребрен медал, откако во финалето во категоријата над 70 кг за кадети загуби од Омар Ѓоргичијани од Грузија со 2-4. На ЕП настапија 1276 каратисти со 1205 натпреварувачи од 47 држави.

Read More

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот од нејзиниот настап во спуст во Кортина д’Ампецо, во рамките на Зимските олимписки игри. Вон излезе на патеката и покрај сериозната повреда на коленото, бидејќи се натпреваруваше со скинати вкрстени лигаменти, но нејзиниот обид заврши многу брзо на драматичен начин. Падот беше исклучително тежок, а сцените што следеа ги потресоа и публиката и гледачите во близина на малите екрани.

Read More

Новото зимско засилување за есенскиот шампион Вардар, Србинот Стефан Цветковиќ, во финишот на подготовките пред почетокот на пролетната сезона вели дека доаѓа во голем клуб. „Луѓето во клубот ме побараа да дојдам овде и благодарам што покажаа дека веруваат во мене, а јас ќе се трудам да им вратам со партии на теренот и да помогнам. Вардар е најголем клуб не само во Македонија, туку и во регионот. Тоа ме привлече, ќе дадам се од себе да дојдам првак. Доаѓам на позиција на играч кој беше најдобар стрелец и се надевам ќе успеам да го надополнам неговото отсуство. Македонската лига…

Read More

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), постапувајќи по пријава на Управниот одбор на ФФМ, донесе одлука за изрекување дисциплинска мерка забрана за вршење на функција во траење од две (2) години на Муамед Сејдини, делегат на Собранието на ФФМ, поради сторено дејствие „измама и доведување во заблуда орган на фудбалска организација“, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник. Утврдено е дека Одборот за итност на ФФМ на 27.11.2024 година донел одлука за прифаќање на понуда од ДПТУ ЕНЕРГОИНВЕСТ ТРЕЈД ДОО Скопје, за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, без услов за авансно плаќање, и го овластил…

Read More

25-то издание на Зимските олимписки игри ќе започне со церемонија на стадионот Сан Сиро во Милано. Освен во Милано на овие ЗОИ натпревари ќе бидат организирани и во Кортина д’Ампецо. На Игрите ќе учествуваат 2.871 спортист од 93 земји, а Македонија ќе ја претставуваат четворица спортисти, по двајца во натпреварите во алпско и нордиско скијање. Олимписките игри Милано-Кортина 2026 ќе бидат првите во историјата чијшто официјален домаќин ќе бидат два града. Милано првенствено ќе биде домаќин на спортовите во затворен простор и на мраз, додека другите натпревари ќе се одржат во спортските кластери околу Кортина, како и во долините Валтелина…

Read More

Кристијано Роналдо ќе го пропушти вториот натпревар по ред за Ал-Наср, овој пат против Ал-Итихад денес во знак на протест против начинот на кој Саудискиот јавен инвестициски фонд (PIF) се однесува кон клубовите во рамките на Саудиската професионална лига, која издаде и соопштение. Роналдо верува дека ривалските клубови се фаворизирани, особено во однос на трансферите, додека неговиот Ал-Наср е во неповолна позиција. На неговата одлука реагираше и официјалното раководство на Саудиската професионална лига, кое во соопштение нагласи дека сите клубови работат според исти правила. „Саудиската професионална лига се базира на едноставен принцип: секој клуб работи независно, според истите правила. Клубовите…

Read More

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти и репрезентативец до 19 години, Александар Грашески и официјално го потпиша својот прв стипендиски договор со Динамо Загреб. Грашески веќе една година е дел од Динамо, а сега го потпишува и својот прв дил со тимот од „Максимир“. Инаку тој е капитен на младинските селекции во неговата генерација, а во Динамо Загреб замина од екипата на Њу Старс, откако претходно беше дел од младинската школа на Вардар.

Read More

Јужноафриканскиот министер за спорт, Гејтон Мекензи, објави дека се подготвува кандидатура за организација на трка во Формула 1. Формула 1 одамна ја искажува својата желба да се врати на африканскиот континент, но Јужна Африка се натпреварува со Мароко и Руанда за шансата да ја организира трката. Сепак, владата на земјата е уверена дека Големата награда на Јужна Африка би можела да се одржи веќе во 2028 година. „Следната година – дефинитивно не. Ги потценивме барањата за организирање на Гран При на Формула 1. Сепак, Формула 1 нè поддржа. Сега имаме тим експерти кои подготвуваат предлог за организација на Гран При…

Read More