Author: saso

Ракометарите на Вардар го завршија регуларниот дел од сезоната во Суперлигата на најдобар можен начин, односно со нова дерби победа над Алкалоид, овојопат во Автокоманда. Лидерот на табелата делуваше како ранет лав по непријатниот пораз од Бенфика во Европа и се прикажа во далеку поинакво светло против момците на Кирил Лазаров, па во меч во кој на крајот одлучуваа нијанси и подобри нерви меѓу ракометарите, како поумешни излегоа гостите. Георгиевски украде две клучни топки во последните две минути и осигура два напади за Вардар во период кога Алкалоид бркаше израмнување, па токму тоа направи одлучувачка разлика на дербито кое заврши…

Read More

Регионална соработка за развој на ракометотНа иницијатива на ЕХФ и потпретседателот Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување. На состанокот на коj беше присутен и претседателот на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми: ✔️ формирање регионални машки и женски лиги за клубов ✔️ можност за старт на женска регионална лига од септември 2026 ✔️ машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата ✔️ предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони ✔️…

Read More

Македонскиот првак Е. Пелистер синоќа на домашен терен загуби од Висла Плоцк во 11. коло од Лигата на шампионите. По натпреварот искусниот голман на „зелено-белите“, Никола Митревски даде своја оценка за дуелот. „Конфузен натпревар, со многу грешки. Двапати се враќавме во натпреварот од негатива од пет гола, но во тие моменти не успеавме да израмниме. Особено имавме шанса во 45 минута, бидејќи во тој случај во финишот ќе влезевме во егал, но во тие моменти направиме грешки во нападот и промашивме зицери. Сè уште треба да работиме доста, ни претстојат уште три натпревари во Лигата на шампионите и плеј-офот во…

Read More

Сопственикот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, најави бонус од 1 милион евра за своите играчи доколку тимот ги добие последните пет натпревари во лигата. Спортскиот новинар Константинос Лијанос објави дека Маринакис, исто така, ветил најголем бонус во историјата на грчкиот фудбал доколку Олимпијакос го победи Баер Леверкузен во плејофот за Лигата на шампионите на УЕФА. Сумата ќе биде исплатена веднаш штом Олимпијакос обезбеди осминафинале, тврдат медиумите.

Read More
NBA

НБА Ол-стар натпреварот оваа година привлече најголема телевизиска публика од 2011 година, со просек од 8,8 милиони гледачи на американските телевизиски мрежи. Ол-стар натпреварот во 2026 година го надмина рејтингот од минатата година за 87% (4,7 милиони прегледи). Оваа година, НБА воведе нов формат, организирајќи мини-турнир на кој учествуваат две ол-стар екипи на САД, како и еден светски тим. Тоа очигледно излезе како полн погодок.

Read More

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига 2026 ќе го започне на домашен терен, односно како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија. Со ваквата одлука на Федерацијата, Струмица, односно хотелот „Пандев“ и салата „Парк“ остануваат базата на машката А селекција, која и минатата година на оваа локација го имаше настапот во ова европско клупско натпреварување. Според веќе дефинираниот распоред Македонија турнирот го отвора против Холандија на 5 јуни, ден подоцна е слободна, додека на…

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека на нашата држава ѝ е доверена организацијата на Европското првенство за играчи до 16 години – Б дивизија, кое ќе се одржи во периодот од 5. до 16. август. Во насока на дополнителна промоција на кошарката и нејзино доближување до што поголем број љубители на спортот, Кошаркарската федерација донесе одлука ова првенство, за првпат, да се реализира во два града – Скопје и Гевгелија. Ова Европско првенство ќе биде можност младите кошаркарски надежи од повеќе европски земји да ги покажат своите таленти токму во Македонија, но и можност нашата држава уште еднаш да ја…

Read More

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, на новото рангирање на ВТА-листата објавено денеска се наоѓа на 181-вото место, што е напредок за една позиција во однос на изминатата недела. За 31-годишната Ѓорческа сегашниот пласман е 11 места подолу од нејзиниот најдобар рејтинг во 2017 година кога беше 170-та на светот. Од македонските тенисери најдобар е Калин Ивановски кој се наоѓа на 876-тото место на АТП листата.

Read More

Жозе Мурињо може да ја напушти Бенфика без никаква финансиска компензација по само десет дена од последниот сезонски натпревар. „Ас“ открива постоење на таква клаузула во договорот на Португалецот и сугерира дека тоа би можело да го олесни неговото евентуално враќање на стадионот -„Сантијаго Бернабе“. Медиумите проценуваат дека сегашниот времен тренер, на „кралевите“, Алваро Арбелоа, не е достоен за предизвикот.

Read More
NBA

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, најави дека ќе учествува на натпреварот во шутирање тројки следната година во Феникс. Кари додаде и дека ќе се обиде да го убеди својот поранешен соиграч Клеј Томпсон да му се придружи во натпреварувањето. Лидерот на Вориорс го пропушти Ол-стар натпреварот поради повреда на коленото. Кари последен пат го освои натпреварувањето во 2021 година во Атланта, а пред тоа, победи во 2015 година во Њујорк. Томпсон победи во 2016 година во Торонто.

Read More