Регионална соработка за развој на ракометотНа иницијатива на ЕХФ и потпретседателот Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.
На состанокот на коj беше присутен и претседателот на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми:
✔️ формирање регионални машки и женски лиги за клубов
✔️ можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
✔️ машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
✔️ предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
✔️ иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални
✔️ формирање регионална кадетска лига за репрезентацииОвие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.

