Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар ја „освои“ Автокоманда за стартна позиција во плеј-офот
    Ракомет

    Вардар ја „освои“ Автокоманда за стартна позиција во плеј-офот

    sasoBy saso21/02/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар го завршија регуларниот дел од сезоната во Суперлигата на најдобар можен начин, односно со нова дерби победа над Алкалоид, овојопат во Автокоманда.

    Лидерот на табелата делуваше како ранет лав по непријатниот пораз од Бенфика во Европа и се прикажа во далеку поинакво светло против момците на Кирил Лазаров, па во меч во кој на крајот одлучуваа нијанси и подобри нерви меѓу ракометарите, како поумешни излегоа гостите.

    Георгиевски украде две клучни топки во последните две минути и осигура два напади за Вардар во период кога Алкалоид бркаше израмнување, па токму тоа направи одлучувачка разлика на дербито кое заврши со резултат 25:28.

    Вардар го диктираше ритамот на овој натпревар и во прв план се најде Јака Малус кој постигна десет погодоци, но извонредни беа и Хориха и Митровиќ со по шест реализации.

    Во поразениот тим, Борзаш беше најдобар со девет реализации, додека Митев стрелаше во четири наврати. Вардар со оваа победа ја осигура позицијата број еден во плејофот, Еурофарм Пелистер ќе стартува како втор, додека Алкалоид без ниту една дерби победа во регуларниот дел од сезоната ќе има четврта стартна позиција во разигрувањето позади Охрид.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.