Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Вечерва во Милано: Почнуваат 25. Зимски Олимписки Игри
    Меѓународен микс

    Вечерва во Милано: Почнуваат 25. Зимски Олимписки Игри

    sasoBy saso06/02/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    25-то издание на Зимските олимписки игри ќе започне со церемонија на стадионот Сан Сиро во Милано. Освен во Милано на овие ЗОИ натпревари ќе бидат организирани и во Кортина д’Ампецо. На Игрите ќе учествуваат 2.871 спортист од 93 земји, а Македонија ќе ја претставуваат четворица спортисти, по двајца во натпреварите во алпско и нордиско скијање.

    Олимписките игри Милано-Кортина 2026 ќе бидат првите во историјата чијшто официјален домаќин ќе бидат два града. Милано првенствено ќе биде домаќин на спортовите во затворен простор и на мраз, додека другите натпревари ќе се одржат во спортските кластери околу Кортина, како и во долините Валтелина и Фиеме.

    Ова ќе бидат третите Зимски олимписки игри и четвртите Олимписки игри вкупно што ќе се одржат во Италија, додека Кортина д’Ампецо веќе беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1956 година.

    Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри ќе се одржи на стадионот Сан Сиро во Милано, под насловот „Хармонија“. За време на церемонијата се планирани и специјални музички изведби на американската пејачка Мараја Кери, како и на италијанските уметници Лаура Паусини и Андреа Бочели.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.