Јужноафриканскиот министер за спорт, Гејтон Мекензи, објави дека се подготвува кандидатура за организација на трка во Формула 1.
Формула 1 одамна ја искажува својата желба да се врати на африканскиот континент, но Јужна Африка се натпреварува со Мароко и Руанда за шансата да ја организира трката.
Сепак, владата на земјата е уверена дека Големата награда на Јужна Африка би можела да се одржи веќе во 2028 година.
„Следната година – дефинитивно не. Ги потценивме барањата за организирање на Гран При на Формула 1. Сепак, Формула 1 нè поддржа. Сега имаме тим експерти кои подготвуваат предлог за организација на Гран При што Формула 1 не може да го одбие“, изјавил Мекензи.

