Србија ја пропушти можноста со победа да се пласира во втората фаза на ЕП. Селекторот на српската репрезентација, Раул Гонзалез, по поразот од Австрија изјави дека неговиот тим бил нервозен и не играл добро во нападот.
„Не бевме добри во нападот, нивниот голман беше сигурен. Тие се добар тим, имаат многу ракометари кои играат во Бундеслигата. Денес загубивме, но бевме одлични против Германија. Овој натпревар беше нерешен, го гледате резултатот и можете да заклучите колку беше тесно. Имаше некои исклучувања кои направија разлика, бевме нервозни и ова беше исходот“ – рече Гонзалез по натпреварот.

