Author: saso

Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера.

Read More

Мајкл Кeрик ќе стане привремен менаџер на Манчестер Јунајтед. Клубот постигна принципиелен договор со 44-годишниот менаџер за пополнување на работното место до крајот на сезоната, објави „Атлетик“. Страните сега треба да ги финализираат деталите од договорот. Доколку сè оди по план, Кeрик ќе биде на чело на тимот против Манчестер Сити на 17 јануари. Манчестер Јунајтед е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 32 бода по 21 натпревар. По отпуштањето на Рубен Аморим, Дарен Флечер е на чело на тимот веќе два натпревари.

Read More

Фудбалерите на есенскиот шампион Вардар утрово заминаа за Турција каде во Сиде ќе спроведат тринеделни подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. „Црвено-црните“ одработија дел од подготовките во Скопје, па сега се на пат во потопли краишта каде ќе имаат добри услови за работа, а веќе ги закажаа и првите контролни натпревари. Според планот, првите тестови се веќе закажани. За четири дена Вардар ќе тестира со чешки Јаблонец, а потоа доаѓаат и дуелите со Андијон (Узбекистан), Мотор Љубин од Полска, Махачкала (Русија), Ахмат Грозни (Русија) и Алашкерт (Ерменија).

Read More

Доколку ја добие довербата, Швајцарија ќе биде првпат домаќин на Зимските олимписки игри, по цели 90 години. Проектот, кој ги опфаќа и Параолимписките игри, има за цел да организира натпревари низ целата земја. Десет кантони и 14 општини се директно вклучени, а организаторите даваат приоритет на користењето на „постоечките спортски објекти од прва класа“, соопшти здружението Швајцарија 2038 на прес-конференција во Берн. Основано во ноември 2023 година од националните зимски спортови федерации, Швајцарскиот олимписки сојуз и Швајцарскиот параолимписки сојуз, здружението има план за околу 120 натпревари во Женева, Лозана, Кран-Монтана, Енгелберг, Цирих, Цуг, Лугано, Ленцерхајде и Сент Мориц. Се очекува…

Read More

Тренерот на Јувентус , Лучијано Спалети, по убедливата победа над Кремонезе со 5:0 во 20-то коло од Серија А изјави дека се уште има простор за подобрување во играта на неговиот тим. „Во работа како нашата, никогаш не знаеш што може да се случи. Секогаш има изненадувања, мора добро да размислиш за работите и да ги процениш, но има и работи што се случуваат на терен. Одигравме добар натпревар против противник кој знае каква работа треба да заврши еден тим како Кремонезе. Нивниот тренер знае во која фаза е неговиот тим. Благодарение на малку среќа, играта тргна во одреден правец“,…

Read More

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер, наскоро ќе потпише договор за трансфер со лондонски Тотенхем. Според информациите од инсајдерот Фабрицио Романо, играчот го информирал Атлетико за својата одлука да се врати во Англија. Тотенхем е подготвен да плати 40 милиони евра за целосен трансфер за да ги победи конкурентите Астон Вила. Астон Вила претходно постигна договор со Атлетико Мадрид, но се повлече од понатамошните преговори бидејќи Галагер не ја дал својата конечна согласност да се приклучи на тимот од Бирмингем.

Read More

Њукасл објави продолжување на договорот со холандскиот дефанзивец Свен Ботман. Новиот договор ќе биде со важност до летото 2030 година. 26-годишниот Ботман е во својата четврта сезона со клубот, откако одигра 17 натпревари во сите натпреварувања. За време на неговиот престој во Њукасл, тој одигра 93 натпревари во сите натпреварувања и постигна 2 гола. „Многу сум среќен што потпишав нов договор. Овој клуб ми даде толку многу во последните три и пол години. Пораснав тука како играч и како личност. Чувствувам дека можам да дадам уште поголем придонес на долг рок. Затоа, двете страни се многу задоволни од оваа одлука“,…

Read More

Ракометарите на Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој клубот го очекуваат настапи во Супер лигата и во Лигата на Европа. Под водство на тренерот Иван Чупиќ, црвено-црните го одржаа првиот тренинг во Скопје, со кој официјално беше означен стартот на подготвителниот период. Во овој дел од сезоната, Вардар привремено е без неколку ракометари кои се со своите репрезентации на меѓународни натпреварувања. Десниот бек Урош Митровик настапува за Србија на Европското првенство, додека голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски и десниот бек Марек Марчињак се дел од полската селекција. Средниот бек Николас Боно настапува за Аргентина…

Read More

Ракометната федерација на Македонија објави дека ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров. „Официјално ја продолживме соработката со селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година. Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на националниот тим и македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија ќе продолжиме да остваруваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт“, изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов. „На заедничко задоволство ја продолживме соработката со Ракометната федерација на Македонија.…

Read More

Томи Јагуриновски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе патува на Европското првенство. Тој е првиот играч кој отпадна од составот на Македонија. Десниот бек веќе е назад во ГРК Охрид со кого ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната. Засега Лазаров има 19 ракометари во тимот, па во наредните два-три дена ќе се знае и точниот список на патници на континенталниот собир. Македонија продолжува во Скопје со подготовките за шампионатот, а за неколку дена заминува за Швајцарија кад еќе одигра три подготвителни натпревари.

Read More