Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар тргна со подготовките за вториот дел од сезоната
    Ракомет

    Вардар тргна со подготовките за вториот дел од сезоната

    sasoBy saso13/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој клубот го очекуваат настапи во Супер лигата и во Лигата на Европа. Под водство на тренерот Иван Чупиќ, црвено-црните го одржаа првиот тренинг во Скопје, со кој официјално беше означен стартот на подготвителниот период. Во овој дел од сезоната, Вардар привремено е без неколку ракометари кои се со своите репрезентации на меѓународни натпреварувања. Десниот бек Урош Митровик настапува за Србија на Европското првенство, додека голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски и десниот бек Марек Марчињак се дел од полската селекција. Средниот бек Николас Боно настапува за Аргентина на првенството на Средна и Јужна Америка.

    „Сите знаеме дека првиот дел беше добар за нас, но сега следува она вистинското. Пред нас се битка за титулата во првенството, настапот во Европа, а тука е и Купот. За жал ќе мораме да работиме без репрезентативците. Ги нема Полјаците, ќе ги немаме и Митровиќ и Боно. Тузолана и Педро засега ќе работат посебно, Стојановски и Еспиња ќе работат со останатите, Лазаревски од декември е со нас. Се надевам дека на турнирот во Хрватска ќе бидеме комплетни“, вели Чупиќ.

    Вардар ќе ги реализира подготовките во Скопје, а кон крајот на месецот, на 30 и 31 јануари, тимот ќе настапи на силен меѓународен турнир во хрватскиот град Лабин, каде ќе игра против словенечкиот Слован Љубљана, како и против хрватските екипи Сесвете и Загреб.

    Првиот натпревар во продолжението од Супер лигата, Вардар ќе го одигра на 7 февруари против Куманово, додека на 17 февруари следи гостување кај Бенфика во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.