Мајкл Кeрик ќе стане привремен менаџер на Манчестер Јунајтед.
Клубот постигна принципиелен договор со 44-годишниот менаџер за пополнување на работното место до крајот на сезоната, објави „Атлетик“. Страните сега треба да ги финализираат деталите од договорот.
Доколку сè оди по план, Кeрик ќе биде на чело на тимот против Манчестер Сити на 17 јануари. Манчестер Јунајтед е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 32 бода по 21 натпревар. По отпуштањето на Рубен Аморим, Дарен Флечер е на чело на тимот веќе два натпревари.

