Камил Раст ја потврди својата доминација во Словенија и победи на уште една трка од Светскиот куп во алпско скијање. По триумфот во велеслаломот во саботата, Швајцарката славеше и во слаломот во Крањска Гора денеска.
Таа имаше најдобро време во двете возења и заврши со вкупно време од 1:40.20 минути. Нејзиниот подвиг добива на значење бидејќи ја запре неверојатната Микаела Шифрин.
До оваа трка, Американката имаше пет победи во исто толку слаломи оваа сезона, но овој пат мораше да се задоволи со второто место. Иако возеше брилијантно, особено во второто возење, на целта беше 14 стотинки зад Раст.
Третото место и припадна на друга Швајцарка, Венди Холденер.
Микаела Шифрин е лидер во пласманот во слалом со 580 поени, пред Раст, која собра 362 поени. Американката е прва и во генералниот пласман со 823 поени.

