Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РФМ го продолжи партнерството со Телеком
    Ракомет

    РФМ го продолжи партнерството со Телеком

    sasoBy saso26/12/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната федерација на Македонија со особено задоволство го продолжува долгогодишното и успешно партнерство со Македонски Телеком, кој и во наредниот период ќе остане еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет.

    Македонски Телеком со години претставува стабилен и сигурен партнер на националните ракометни селекции, давајќи значаен придонес во развојот на ракометот и промоцијата на спортските вредности во нашата држава. Поддршката што ја добива македонскиот ракомет преку ова партнерство е од суштинско значење за континуитетот, квалитетната подготовка и настапите на нашите репрезентации на големите меѓународни натпреварувања.

    Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, изрази благодарност за довербата и поддршката, истакнувајќи дека продолжувањето на соработката со Македонски Телеком е уште една потврда за заедничката визија и долгорочната посветеност кон развојот на македонскиот ракомет.

    „Македонски Телеком е пример за општествено одговорна компанија која континуирано вложува во спортот и младите. За нас претставува чест и привилегија што и понатаму ќе градиме заедничка приказна, насочена кон унапредување на ракометот и создавање нови спортски успеси“, изјави Стефанов.

    Ракометната федерација на Македонија и Македонски Телеком и во иднина ќе работат заедно на поддршка на националните селекции, развој на младинските категории и афирмација на ракометот како еден од најзначајните спортови во земјата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.