Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, славеше убедливо со 72:90 во големото градско дерби на вечните ривали, против екипата на Работночки. На дуелот во СРЦ Кале во рамките на 169-то дерби, гостите беа далеку подобар ривал и сосема заслужено дојдоа до победа.
Уште во првиот дел МЗТ Скопје направи предност која најави сигурен триумф. „Штрковите“ на пауза заминаа со 37:51.
Третата четвртина повторно им припадна на кошаркарите на актуелниот шампион, овој пат со четири поени разлика, за во завршните 10 минути само да ја одржат предноста за конечен триумф.
Меккејден со 22 поени беше најефикасен на мечот, додека Алстон од Работнички уфрли 20 поени. За МЗТ Скопје ова беше шестта победа по ред над вечниот ривал.

