Author: saso

Денеска и официјално му истече договорот на Благоја Милевски со Фудбалската федерација на Македонија за селекторската работа. Управниот одбор на ФФМ денеска ќе одлучува за натамошната иднина на селекторското место, но сите шпекулации во фудбалските кулоари навестуваат дека Милевски нема да добие нов договор, а во следниот период ќе биде назначен нов селектор на националниот тим. Како прв фаворит се споменува актуелниот тренер на лидерот во домашното првенство, Вардар, Гоце Седлоски.

Read More

По двете остварени победи на стартот од претквалификациите за Евробаскетот 2029, селекторот Марјан Илиевски и неговите избраници можат да бидат задоволни пред продолжението на циклусот во кој сега влегуваме со реални шанси и за првото место во квалификациската група. „Првично, сакам да им честитам на играчите, бидејќи од една негатива и од лош почеток се вративме во втората четвртина, дури и завршивме со два поени предност за нас. Ова е голема гостинска победа. Игравме во Даблин по меч по кој бевме три дена заедно, се рехабилитиравме на тој тренинг што ни беше дозволен. Го сработивме она кое го посакувавме и…

Read More

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ја оцени победата над Рома (1:0) во Серија А. позитивно, најавувајќи дека солидната партија извади серија позитивни работи од неговиот тим. „Доаѓањето на „Олимпико“ и играњето толку солидно како што игравме ние, постојано притискајќи напред, не е лесно. Рома имаше серија позитивни резултати, беа пред нас на табелата – тие се многу добар тим. Среќен сум затоа што ги видов момците како покажуваат карактер; се погледнавме во очи од самиот почеток. Во исто време, моментално поминуваме низ многу тежок период – многу играчи се надвор од игра и ова ќе продолжи уште некое време. Не…

Read More

Навивачите на Арсенал беа запрепастени кога видоа дека Вилијам Салиба не е вклучен во составот вчера против Челзи на „Стемфорд Бриџ“, а од клубот веднаш објавија дека Салиба поради повреда заработена на тренинг ќе мора да го пропушти натпреварот. Артета не прецизираше точно за каков проблем станува збор додека се обраќаше пред медиумите пред и по натпреварот, но откри дека централниот дефанзивец ќе биде подложен на дополнителен преглед од медицинскиот персонал во понеделник за да се утврди степенот на проблемот. „Мислам дека ќе има уште еден тест за да видиме до кој степен е тоа чувство, таа сензација што ја…

Read More

По вчерашното реми со Арсенал во дербито на колото, менаџерот на Челзи Енцо Мареска изјави дека е горд на своите играчи. „Благодарение на напорите на играчите дојдовме до овој резултат. Арсенал е лидер во Премиер лигата, лидер во Лигата на шампионите, ја има најдобрата одбрана во Премиер лигата и веројатно најдобрата во Лигата на шампионите. Тоа значи дека тие се најдобриот тим во моментов. И 11 на 11, игравме подобро од нив“, рече главниот тренер на Челзи. Челзи со овој бод дојде до третото место на табелата со бод заостанување зад Манчестер Сити.

Read More

Макс Верстапен по стратешката битка и големата победа на трката за Големата награда на Катар, вели дека ќе се бори до крај за одбрана на титулата. Холанѓанецот по победата ја намали разликата во однос на лидерот Ландо Норис на 12 поени. „Кога тимот ме повика во боксот, морав да се сетам дека беше 7-ми круг. Помислив: „Добро, сега можеме да одиме до крај.“ Бев изненаден што Мекларените не влегоа во боксот. Кога се вратив на патеката, помислив дека е добра можност за победа. Не размислувам за губење. Немам такви мисли. Размислувам за победа. Знаев дека веројатно сè направивме како што…

Read More

Тренерот на екипата на Рома, Џан Пјеро Гасперини по поразот од Наполи на домашен терен во дербито синоќа, вели дека разочарувачки е што неговите момци не покажаа енергија за да дојдат до подобар резултат. „Наполи, како и ние, исто така имаше многу малку шанси. Разочарувачки е што ни недостасуваше енергија, бидејќи плативме висока цена за победата во натпреварот од Лигата на Европа во четвртокот со Митјиланд. Ни недостасуваше брзина, не ја движевме топката доволно брзо. Кога играте против организиран противник како Наполи, тоа сигурно ќе боли. За жал, денес не можевме да играме како што сакавме во еден толку важен…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација по победата над Азербејџан на стартот од претквалификациите за Евробаскетот 2029 утринава замина за Даблин каде в недела треба да и гостуваат на Република Ирска. Македонија на ова гостување замина по убедливата победа на домашен терен, додека Ирска загуби на кај Луксембург. Селекторот Марјан Илиевски најави една измена во составот на Македонија за следниот натпревар, ослободен од обврските ќе биде Омари Мур од Валенсија, а на негово место во ростерот влегува Џејкоб Вајли. Причината за ротацијата кај селекторот Илиевски е различниот тип на кошарка кои го играат Азербејџан и Ирска. Натпреварот меѓу Ирска и Македонија се игра на 30 ноември од…

Read More

Во очекување на дербито со Лацио викендов, тренерот на Милан Масимилијано Алегри откри каква е состојбата во соблекувалната, особено кога станува збор за сомнежите околу повредите на неколку првотимци. „Пулишиќ веројатно нема да игра, иако сè може да се случи до почетокот на натпреварот. Општо земено, тој нема да биде достапен против Лацио. Салемакерс е подготвен. Хименез треба да почне да се враќа во тимот следната недела. Другите се добро“, изјавил Алегри. Милан го очекува домашното дерби со Лацио од второто место на табелата со два бода заостанување зад лидерот Рома.

Read More

Експедицијата на Јувентус конечно се врати од Бодо, но беше спречена тимот да работи според планот на подготовки за следниот натпревар од Серија А. Бјанконерите вчера ги продолжија тренинзите, а Спалети сè уште го нема на располагање повредениот Гати. Фудбалерот на Јувентус го пропушти натпреварот против Бодо поради грип. Гати вчера тренираше одделно, а денес ќе продолжи со тренинзите со тимот. Дефанзивецот ќе биде достапен за натпреварот против Каљари, но веројатно нема да започне. Состојбата со Влаховиќ е добра, па тој не е под знак прашалник за следниот натпревар против Каљари.

Read More