Author: saso

На годишната седница на Собранието на Реал, првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, остро ги критикуваше практично сите нивоа на фудбалот во светот, а особено се наврати на проблемот со УЕФА: „Не е вистина дека сме против сè, туку сме против она што е нелегално и неетичко. Не е ниту нормално ниту легално да се обидувате да им ја одземете можноста на клубовите сами да организираат турнири. Не е нормално УЕФА да се обидува да ја одреди нашата судбина или да нè принудува да играме натпревари во формати што не се добри за навивачите. Никој не може да нè…

Read More

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Матеус Куња, предизвика загриженост кај својот менаџер Рубен Аморим и тренерскиот штаб на „црвените ѓаволи“ пред натпреварот против Евертон. Бразилецот требаше да учествува на церемонијата на палење на божиќните светла во предградието на Манчестер, Алтринчам, но организаторите објавија дека тој нема да присуствува поради здравствени проблеми. Стана јасно дека Куња доживеал потрес на мозокот на саботниот тренинг и не може да учествува на настанот. Веста доаѓа само два дена пред дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон во понеделник на „Олд Трафорд“. Сè уште нема официјални вести од Манчестер Јунајтед за состојбата на Матеус Куња.

Read More

Атлетико Мадрид ќе биде без голманот Јан Облак, за гостувањето кај Хетафе. Атлетико се обидува да ја забележи петтата последователна победа во Ла Лига. Облак сè уште се опоравува од повредата здобиена за време на неговите ангажмани со словенечката репрезентација, па Хуан Мусо ќе мора да го замени. Кога беше прашан за физичката подготвеност на словенечкиот голман и неговиот син Џулијано, Симеоне коментираше: „Облак нема да учествува на натпреварот утре. Џулијано ќе биде повикан, но утре ќе одлучиме дали ќе го започне натпреварот. Ќе се обидеме да се надминеме себеси на начинот на кој натпреварот бара.“

Read More

Вчерашниот дебакл на Ливерпул на домашен терен од Нотингем Форест и поразот од 0:3 ќе биде запаметен и по најскапото засилување на „црвените“, Александар Исак. Напаѓачот забележа необично „достигнување“ станувајќи првиот играч во историјата на Ливерпул кој ги загубил сите четири први натпревари во кои почнал како стартер. Швеѓанецот сè уште е во потрага по својот прв гол за „црвените“ во Премиер лигата, откако постигна само еден гол во победата од 2-1 над Саутемптон во Карабао купот.

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас, со што и натаму остана во конкуренција за петтата последователна светска титула на два тркачки викенди пред крајот на сезоната. Холандскиот возач во Лас Вегас го забележа 69-от триумф во својата кариера, воедно и шестиот во сезоната. Второто место го освои возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека третото место му припадна на минатогодишниот победник во Лас Вегас, Џорџ Расел од Мерцедес. Сепак, по трката возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, се дисквалификувани поради прекршување на техничките правила, објави Меѓународната…

Read More

Претставници на Арсенал одржале неколку состаноци со агентот на турската ѕвезда од екипата на Јувентус, Кенан Јилдиз. Други англиски гиганти, како и Реал Мадрид, веќе покажуваат интерес за 20-годишниот турски репрезентативец. Кенан Јилдиз, кој наполни 20 години во мај, веќе е клучна фигура во стартните единаесет на Јувентус. Тој даде значаен придонес за „бјанконерите“ оваа сезона, постигнувајќи шест гола и обезбедувајќи шест асистенции во 18 официјални натпревари, вклучувајќи го и Светското клупско првенство на ФИФА. И покрај сериозниот интерес, фудбалерот неодамна потпиша нов договор со клубот до јуни 2029 година и ја доби честа да го носи дресот со клупскиот…

Read More
NBA

Лејкерси го испратија бекот Брони Џејмс во Развојната лига. Дебитантот Аду Тиеро исто така се приклучи на овој младински состав. Имено, синот на Леброн Џејмс, сега ќе го заземе местото на својот татко, кој беше во истиот тим од Џ-Лигата каде се опоравуваше од повредата. 21-годишниот Брони има просек од 2,1 поен и 1,8 асистенции по натпревар во 10 НБА натпревари оваа сезона.

Read More

ФИФА го потврди распоредот за интерконтиненталните плеј-оф натпревари за Светското првенство во март, при што Ирак, Боливија и Суринам ќе играат во Монтереј, а Демократска Република Конго, Нова Каледонија и Јамајка во Гвадалахара, објави Ројтерс. Стадионот во Гвадалахара ќе биде домаќин на мечот Нова Каледонија – Јамајка во полуфиналето, а победникот ќе игра потоа со ДР Конго. Стадионот во Монтереј ќе биде домаќин на полуфиналето меѓу Боливија и Суринам, а Ирак ќе го чека победникот од тој натпревар на истиот стадион. И двете полуфиналиња ќе се играат на 26 март, а двете финалиња се закажани за 31 март.

Read More

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши на 20-то место во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас. Британецот со тоа стана првиот возач на Скудерија од 2009 година кој бил последен во квалификациите. Пред него , Џанкарло Физикела беше последниот кој завршил едни квалификации како последен. Тоа на Италијанецот му се случи во Абу Даби во 2009 година. Истата сезона, тој беше последен и на квалификациите во Бразил.

Read More

Легендата на Наполи, Лоренцо Инсиње, е пред враќање во Европа, пишува Флоријан Плетенберг. 34-годишникот е слободен агент откако го напушти Торонто. Италијанецот помина три години во клубот од МЛС, а моментално сам ја одржува својата физичка подготвеност. Инсиње сака повторно да игра во Серија А, но е отворен за други лиги. Тој се поврзува со преселба во Серија А, како и во Бундеслигата. Инсиње е подготвен да прифати значително намалување на платата за да потпише за нов клуб.

Read More