Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши на 20-то место во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас. Британецот со тоа стана првиот возач на Скудерија од 2009 година кој бил последен во квалификациите.
Пред него , Џанкарло Физикела беше последниот кој завршил едни квалификации како последен. Тоа на Италијанецот му се случи во Абу Даби во 2009 година. Истата сезона, тој беше последен и на квалификациите во Бразил.

