Едно од легендарните имиња на светсиот профи-бокс, Дерек Чисора е повикан од кинескиот тешкаш Жилеј Жанг да организираат следна борба во рингот. Чисора неодамна вети дека ќе се откаже од боксот по својата 50-та борба и одвојува време да го избере својот следен противник ако тоа навистина се случи.
Тој е во добра форма во последно време со победите над боксери како Ото Валин, Џералд Вашингтон и Џо Џојс, а беше силно поврзуван и со можна борба со Дилијан Вајт, со кого веќе се бореше двапати.
Сепак кинескиот тешкаш Жилеј Жанг прв му предложи на Чисора да се борат „за навивачите“, но засега нема одговор од менаџментот на лондончанецот.

