НБА натпреварите емитувани на американските телевизии привлекоа повеќе од 60 милиони гледачи во текот на првиот месец од регуларната сезона. Лигата објави дека ова е највисоката почетна гледаност во последните 15 години.
Овие бројки не ја вклучуваат сезоната 2011-12, која започна на Божиќ. Содржината поврзана со НБА собра повеќе од 30 милијарди прегледи на страниците на социјалните медиуми на лигата и платформите на трети страни, што е рекорд за оваа фаза од сезоната. Претплатите за NBA League Pass пораснаа за 10%, додека времето поминато во гледање натпревари на платформата се зголеми за 8%. Посетеноста на арените е на исто ниво со минатата сезона, која беше втора најдобра во историјата на лигата.

