Денвер го победи Њу Орлеанс со 125:118 на гостински терен и ја оствари 11-тата победа во тековната сезона. Уште едно блескаво издание имаше српскиот центар Никола Јокиќ кој го запиша својот деветти трипл-дабл оваа сезона. Тој запиша 28 поени, 12 асистенции и 11 скока за 36 минути на теренот.
Најефикасен играч на Денвер беше Пејтон Вотсон со 32 поени.
Кошаркарите на Торонто ја победија Филаделфија со 121:112 на гостински терен. Најефикасни играчи кај Торонто беа Ар Џеј Барет и Брендон Инграм со по 22 поени. За Филаделфија, Тајрис Макси постигна 24 поени. Мајами го победи Голден Стејт со 110:96 на домашен терен во натпревар каде најефикасен играч на Мајами беше Норма Пауел со 25 поени.
Останати резултати:
Кливленд – Хјустон 104:114
Индијана – Шарлот 127:118
Минесота – Вашингтон 120:109
Оклахома – Сакраменто 113:99
Далас – Њујорк 111:113
Портланд – Чикаго 121:122

