Бранителот на титулата Оклахома Сити Тандер го победи Мемфис со 114-100 на гостински терен со што ја оствари својата 10-та победа во новата НБА сезона.Шеј Гилџес-Александар го предводеше својот тим до нова победа со 35 поени, седум скока и шест асистенции. Чет Холмгрен и Аџаји Мичел додадоа по 21 поен. Оклахома Сити е лидер во Западната конференција со скор од 10-1, додека Мемфис е 10-ти со четири победи и седум порази.
Детроит ја победи Филаделфија со 111-108 на гостински терен за својата шеста победа по ред. Кејд Канингем го предводеше Детроит со 26 поени и 11 асистенции. Филаделфија, која беше без Џоел Ембиид поради повреда.
Њујорк го победи Бруклин со 134:98 дома, и го забележа четвртиот последователен триумф. Најефикасен играч за тимот на Њујорк беше Карл-Ентони Таунс со 28 поени, додека Џејлен Брансон постигна 19 поени со седум асистенции.
Кевин Дурант го предводеше Хјустон до победа од 122:115 над Милвоки. Дурант постигна 31 поен, додека Минесота го победи Сакраменто со 144:117, со 26 поени од Ентони Едвардс. Голден Стејт, предводен од на Џими Батлер, ја победи Индијана со 114:83, нанесувајќи ѝ го четвртиот последователен пораз, додека Џејлен Браун го предводеше Бостон до триумф над Орландо со 111:107.

