Голден Стејт Вориорс се соочуваат со мноштво предизвици пред нивниот натпревар вечерва против Денвер Нагетс, откако Џими Батлер е под знак прашалник по повредата на грбот, а Стеф Кари е надвор од тимот поради влошување на симптомите на грип.
Батлер го пропушти поразот на Вориорс од Сакраменто Кингс во среда, но се очекува да биде дел од тимот за овој меч. Главниот тренер Стив Кер ја опиша повредата на Батлер како „ништо сериозно“ и нагласи претпазливост.
„Ќе играме на сигурно“, им рече Кер на новинарите. „Само сакаме да бидеме сигурни дека е добро“, дополнил тој.

