Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има и официјалниот собир во рамките на ЕХФ неделата во која се планирани и две пријателски средби со селекцијата на Јапонија. Селекторот, Кирил Лазаров денеска по 13 часот ќе ја направи првата прозивка на повиканите ракометари за двата пријателски натпревари против Јапонија, кои треба да бидат и генерална проверка пред настапот на Европското првенство на почетокот на следната година.
Откако Дејан Манасков испрати порака дека нема да игра за Македонија поради лошите односи со селекторот, Лазаров веднаш на негово место го повика ракометарот на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ.
Првиот меч со Јапонија ќе биде отворен за јавноста и ќе се одигра во Куманово на 1 ноември.

