Иако го освои само 8 место, Луис Хамилтон пронајде некои позитивни страни во настапите во Мексико Сити овој викенд. Пилотот на „Ферари“ по казната од 10 секунди мораше да се задоволи со пласман само на осмата позиција. Хамилтон ги блокираше гумите во четвртата кривина додека се бореше со Макс Верстапен и потоа влезе во боксот. Првично, се претпоставуваше дека казната е поради тоа што Луис не успеа да се врати на патеката по пропишаната рута. Сепак, судиите беа незадоволни од фактот дека, откако доби предност со скратување на кривината, Британецот не успеа да го врати водството од Верстапен, кој претходно беше во водство.
„Беше забавно на почетокот, но не заврши онака како што очекував. Тоа е трка. Беше навистина, навистина калливо надвор од патеката. Направив сè што можев за безбедно да се вратам на патеката. Тоа е сè што можев да се надевам. Има и некои позитивни работи. Барем освоивме неколку поени“, изјавил Хамилтон.

