Според информациите од инсајдерот, Матео Андреани, Олимпијакос му понудил на НБА кошаркарот Џаред Батлер двегодишен договор од 3 милиони долари со бонуси. 25-годишниот плејмејкер можеби ќе ја продолжи кариерата во Грција, доколку реши да ја прифати понудата, но за него се зборува дека се интересира и белградска Црвена звезда.
Ова лето, Батлер потпиша негарантиран едногодишен договор со Феникс и одигра четири предсезонски натпревари за клубот, постигнувајќи просек од 15,5 поени и 4,2 асистенции по натпревар. Сепак, Санс на крајот се откажаа од него. Во сезоната 2025/26, кошаркарот играше за Филаделфија и Вашингтон, учествуваше во 60 натпревари и имаше просек од 9 поени.

