Author: saso

Менаџерот на Нотингем Форест, Анже Постекоглу ќе остане запишан во клупската историја. Имено, Постекоглу е првиот менаџер на Нотингем во последните 100 години кој нема победа на првите шест натпревари на клупата на „шумарите“. Англискиот тим синоќа загуби од Митјиланд (2:3) во 2. коло од главната фаза на Лигата на Европа. За Постекоглу, кој го замени Нуно Еспирито Санто како менаџер на Нотингем Форест, вчерашниот натпревар беше шести на клупата на тимот, во кои имаше само две ремија и дури четири порази. Последниот пат вакво нешто со тренерите на Нотингем Форест се случило во 1925 година, кога Џон Бејнс не…

Read More

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери повикани за претстојните дуели со Белгија и Казахстан во квалификациите за СП 2026. На списокот нема поголеми промени, потврди и селекторот. „Списокот е идентичен како и на претходниот собир. Ќамили не е тука поради повреда, Ашковски и Давид Бабунски ќе имаат кам-бек. Се надевам дека сите ќе бидат здрави. Бабунски имаше проблеми со клуб, но сега се е во ред. Затоа е тука со нас. Секогаш бил конкурентен, затоа што ни треба таков профил на играчи. Сите пет меча до сега беа главни битки и останаа уште…

Read More

Скопје в недела ќе дише со над 14.000 тркачи низ скопските улици. Следува 21. издание на Скопскиот маратон, кој и оваа година ќе собори рекорд. На прес-конференцијата денеска, министерот за спорт, Борко Ристовски и организаторите на настанот ги открија деталите за неделната масовна трка низ скопските улици. „Во недела ќе се одржи 21 издание на Скопскиот маратон. Можам со задоволство да кажам дека годинава ќе имаме рекорден број на учесници, над 14.000. Има пораст во сите трки, маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри. Повторно веќе неколку години наназад на трката на 5 километри имаме повеќе учеснички од…

Read More

Селектор на македонската фудбалска репрезентација со кој настапивме на ЕП 2021 година, Игор Ангеловски од денеска е нов тренер на кипарскиот прволигаш Етникос Ахна. Клубот го потврди доаѓањето на Ангеловски, кој заедно со себе како асистент ќе го има и Милан Илиевски, со кого работеше и во нашата репрезентација. Ангеловски подолг период беше без тренерски ангажман, па сега доаѓа во кипарскиот тим во обид да го однесе во европските купови следната сезона. Етникос Ахна во досегашниот дел од сеозната има две победи на пет одиграни меча.

Read More

Тренерот на Рајо Ваљекано, Иниго Перез, е сигурен во квалитетите на својот тим пред денешниот дуел со нашиот првак Шкендија во 1 коло од Конференциската лига. На прес-конференцијата пред дуелот, јасно посочи дека неговиот тим во оваа Конференциска лига влегува со идеја да стигне до финалето и да го освои трофејот. „Овој меч не треба да биде мешавина од емоции. Сакаме да стигнеме до финалето и да го освоиме трофејот. Тоа е нашиот менталитет. Натпреварувањето ќе нè стави на нашето место. Не можеме да се понесеме од романтиката на Конференциската лига. Утре мора да се подготвиме за натпреварот како да…

Read More

Милан сè уште е заинтересиран за потписот на Џо Гомез од Ливерпул, иако веројатно ќе се соочат со сериозна конкуренција во јануари. Според „Дејли брифинг“, еден извор потврдил дека Милан сè уште има интерес за Гомез, кој беше многу блиску до заминување во текот на летото. „Росонерите“ речиси го добија, но договорот беше откажан бидејќи Ливерпул не успеа да го ангажира Марк Геи. Во извештајот се наведува дека Милан „останува заинтересиран да постигне договор во јануари, доколку е можно“, а изворот додава: Милан има за цел да ја искористи ограничената минутажа на Гомез. Ливерпул би претпочитал да го задржи Гомез,…

Read More

Легендата на светскиот тенис, Роџер Федерер е номиниран за прием во Меѓународната тениска куќа на славните за 2026 година. Федерер е првиот тенисер кој освоил 20 гренд слем титули и ја започна ерата на великаните со помладите ривали Шпанецот Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ . Федерер освои 103 трофеи и победи на 1.251 натпревар во сингл. Тој заврши пет сезони на првото место на АТП ранг-листата и помина 237 последователни недели на врвот, ја предводеше Швајцарија до титулата во Дејвис купот во 2014 година, а заедно со Стен Вавринка го освоија златниот олимписки медал во двојки во Пекинг во 2008…

Read More

По одличниот почеток на новата сезона, екипата на Рома не се откажала од идејата на зима да потпише уште еден брз напаѓач. Според „Ла Газета дело Спорт“, управата на „волчицата“ внимателно го следи Арнар Харалдсон од екипата на Лил, кој е нивен прв „пик“ за јануари. Тој вреди околу 20 милиони евра и се пресели во Франција од Копенхаген за 15 милиони евра пред две години. 22-годишникот има постигнато 5 гола и 3 асистенции во 82 натпревари за Лил и има 24 настапи за Исланд, постигнувајќи три гола. Втор избор на Рома би можел да биде Мирон Боаду, кој потпиша…

Read More

Жил Кунде ја призна супериорноста на ПСЖ над Барселона во синоќешната победа од 1:2 на теренот во Каталонија. „ПСЖ беа физички посилни од нас. Не можевме да извршиме толкав притисок колку што сакавме. Мислам дека тоа ни недостасуваше. Важно е да се напомене дека нашиот противник одигра многу добар натпревар. Разочарани сме, но не и изненадени. Го знаевме нивото на овој тим. Тие се самоуверен тим со играчи од многу високо ниво. Тие се докажаа како се победници на Лигата на шампионите. Беше тежок натпревар, но ПСЖ беа подобри“, рече дефанзивецот на Барселона.

Read More
NBA

По доаѓањето во екипата на Голден Стејт, ветеранот во НБА лигата, Ал Хорфорд ја коментираше одлуката за промена на средината. 39-годишниот центар се приклучи во Голден Стејт и очекува возбудлива сезона. „Ова е одлична можност да се натпреваруваме и да победуваме на високо ниво. Имињата на Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Стив Кер се неразделно поврзани со клубот, но го видов и Џими Батлер што направи во втората половина од првенството и како играат сега. Беше тешко да го напуштам Бостон, но ако имаше достојна алтернатива, тоа беше таа. Кога се појави можноста, веднаш ја искористив. Овој период беше чуден.…

Read More