По доаѓањето во екипата на Голден Стејт, ветеранот во НБА лигата, Ал Хорфорд ја коментираше одлуката за промена на средината. 39-годишниот центар се приклучи во Голден Стејт и очекува возбудлива сезона.
„Ова е одлична можност да се натпреваруваме и да победуваме на високо ниво. Имињата на Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Стив Кер се неразделно поврзани со клубот, но го видов и Џими Батлер што направи во втората половина од првенството и како играат сега. Беше тешко да го напуштам Бостон, но ако имаше достојна алтернатива, тоа беше таа. Кога се појави можноста, веднаш ја искористив. Овој период беше чуден. Долго чекање за да видам како ќе се одвиваат работите на крајот. Затоа се фокусирав на тренинг и подготовка за почетокот на првенството“, заклувели Хорфорд.

