На 5 октомври Скопје ќе биде домаќин на 21-виот Визер Скопски атлетски маратон 2025. Годинава на маратонот во нашиот главен град, повторно ќе биде соборен рекордот според бројот на учесници. „Пријавувањето е завршено и во овие моменти имаме бројка од околу 13.900 натпреварувачи. Ова е рекорд по бројот на учесници на Скопскиот маратон. Пријавувањето е отворено само во делот на државно првенство во марартон, а оваа година Скопски маратон ќе биде и балканско првенство во маратон. Очекуваме гости од 57 светски земји, со присуство на околу 450 натпреварувачи на главната, маратонската трка“, вели директорот на маратонот, Кире Синадиновски, во денешното…
Author: saso
По победата над Загреб и поразот од Пари Сен Жермен, ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола го пречекуваат дански ГОГ на меч од 3. Коло во најсилното европско натпреварување. Охрабрени од првите две престави и одличниот ракомет, битолчани се надеваат дека вечќерва ќе ја остварат и втората сезонска победа. Македонскиот репрезентативец Петар Атанасијевиќ, пред дуелот со Данците изјави: „Се подготвуваме максимално. Играме против млада екипа која што игра скандинавски ракомет. Сме се соочиле со такви екипи, и сме минувале и добро и лошо. Ќе го дадеме нашиот максимум, како што беше на натпреварите со…
Франко Мастантуоно го постигна својот прв гол за Реал Мадрид во синочќешната победа од 4-1 над Леванте. Големиот талент по мечот изјави дека е пресреќен. „Тоа е задоволство, сон што стана реалност. Тоа е посебно чувство и неверојатен момент. Долго време ја чекав оваа вечер и за среќа успеав да го направам тоа. И тимот постигна навистина добар резултат, па затоа е многу позитивно. Навистина сум среќен“, изјави Франко. Реал Мадрид досега ги доби сите шест натпревари од почетокот на сезоната и е на врвот на табелата во Ла Лига.
Младата ѕвезда на Барселона, Гави, вчера бил опериран поради повреда на менискусот на десното колено, објавија Каталонците. Се очекува тој да отсуствува од терените околу пет месеци. По сериозната повреда на истото колено што ја заработи во ноември 2023 година на натпревар против Грузија, тој беше надвор од терените 11 месеци. „Играчот на првиот тим, Пабло Паес Гавира-Гави, беше подложен на артроскопија за да се санира повредата на внатрешниот менискус. Менискот е зашиен за да се зачува. Се очекува времето за закрепнување да биде околу 4-5 месеци“, напиша Барселона во соопштението.
Милан и Интер објавија кому му го довериле проектот за евентуална изградба на нов стадион во областа Сан Сиро. Како што веќе стана јасно, двата гиганти јавно ја потврдија својата желба да го купат предметниот простор и соседниот простор, каде што се наоѓа и стадионот „Џузепе Меаца“. Вкупната сума е околу 200 милиони евра. Цената беше неодамна договорена и сега се чека само гласањето на Градскиот совет на Милано. Иако исходот од ова гласање останува неизвесен, клубовите почнаа да ги подготвуваат следните чекори во случај на позитивен резултат. По гласините за тоа кому ќе му биде доверен процесот на дизајнирање,…
Тренерот на Арсенал зборуваше за нерешениот резултат против Манчестер Сити и рече дека не можел да предвиди таков натпревар. „Вакво нешто не се случило со Гвардиола во неговата 17-годишна тренерска кариера“ рече Артета. Микел Артета не очекувал Арсенал да биде толку супериорен во однос на Манчестер Сити. „И покрај моето знаење, вештина и начинот на кој ги анализирам натпреварите, не можев да ја предвидам доминацијата на Арсенал во текот на 96 минути. „Ова никогаш не му се случило на Гвардиола во неговата 17-годишна тренерска кариера“, забележа главниот тренер на Лондончани по нерешениот резултат 1:1.
Напаѓачот на Ливерпул, Александар Исак, ги сподели своите впечатоци од неговиот настап на натпреварот од осминафиналето на англискиот Лига куп против Саутемптон (2:1) и коментираше за својата моментална форма. „На добар пат сум да се вратам во форма. Беше убаво што добив малку време за игра. Главната цел е да победуваме. Тоа е мојот најголем приоритет“, изјави Исак за прес-службата на Ливерпул. Шведскиот репрезентативен напаѓач им се придружи на „Црвените“ минатото лето од Њукасл Јунајтед. Оваа сезона, Александар Исак одигра три натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го изрази своето задоволство од настапот на неговиот тим на дербито против Манчестер Сити на „Етихад“, кое заврши со резултат 1:1. „Бод е најмалку што заслужувавме. Исклучително сум горд на начинот на кој моите играчи дадоа сè од себе, на нашата игра и на фактот дека ги контролиравме речиси сите фази. Разочаран сум само што не можевме да победиме“, коментираше Шпанецот. „Сити имаше можности по еден корнер, контранапад и наша грешка. Тоа беше тоа. Да се ограничи тим на ваков начин е огромна работа. Браво за момците“, потенцираше Артета.
Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот – „Златната топка“ – ќе го дознае својот нов сопственик за 2025 година вечерва. Битката за големата награда ветува дека ќе биде исклучително остра, а раскошната церемонија во театарот „Шателе“ во француската престолнина Париз започнува во 21:00 часот. Прелиминарните предвидувања укажуваат на Усман Дембеле од Пари Сен Жермен и Ламин Јамал од Барселона како главни претенденти за освојување на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Оваа година, историјата ќе биде напишана на нов начин, бидејќи ниту еден од 30-те номинирани фудбалери не го освоил трофејот претходно, што гарантира нов шампион.
Дури осум тимови во Формула 1 успеаја да се искачат на победничкиот подиум на трките од оваа и завршницата на минатата сезона. Во период од 12 месеци, скоро секој од актуелните Ф1 тимови имал возач кој успеал да дојде во најдобрата тројка на некоја од Гран При трките. Тоа значи дека во моментов во последната година само два тима не ја почувствувале радоста на победничкиот пиедестал. Тоа се Хас и Астон Мартин, откако со пласманот на подиумот на Карлос Саинц на Големата награда на Азербејџан и Вилијамс стана осмиот тим што завршил со подиумот во последните 12 месеци.
