Американецот со полски пасош и едне од најдобрите кошаркари на последното Европско првенство, Џордан Лојд се сели во Турција. Негов нов клуб ќе биде Анадолу Ефес. Турците веќе го објавијапотпишувањето на договорот со Џордан Лојд, откако тој го напушти Монако.
Бекот во дресот на полската репрезентација имаше просек од 22,4 поени (54,7% од поле, 42,2% од тројки), 3,3 скока и 2 асистенции. Полјаците завршија во четвртфиналето.
Минатата сезона во Евролигата, Лојд имаше просек од само 9,4 поени и 2,9 скока по натпревар.

