Играчот од средниот ред на Астон Вила, Леон Бејли, ќе игра на позајмица во Рома до крајот на сезоната, објави денес италијанскиот клуб. Во соопштението се наведува дека Рома има опција да го откупи договорот на репрезентативецот на Јамајка на крајот од сезоната. Бејли (28) во својата кариера играше за Генк и Баер Леверкузен, а од 2021 година е член на Астон Вила. Минатата сезона одигра 38 натпревари за клубот од Бирмингем и постигна два гола. Бејли ќе го носи дресот со број 31 во Рома.
Author: saso
Марко Луканоски ќе биде последниот, 12 играч во ростерот на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија за последниот натпревар од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар. Селекторот Марјан Илиевски одлучи да му даде шанса на младиот центар, кој е составен дел од тимот од самиот почеток на овој репрезентативен циклус. Луканоски, кој беше најдобриот наш играч на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кое ова лето се играше во Ереван, за првпат во својата кариера ќе биде во конкуренција за најдобрата селекција. Поради повреда, надвор од тимот за дуелот кој се игра…
Играчот од средниот ред на Барса, Марк Касадо, е на мета на два клуба од англиската Премиер лигата. Пред затворањето на летниот преоден рок, Вест Хем и Вулверхемптон се подготвуваат да достават свои понуди за младиот ШПанец. Се зборува дека и двата англиски клуба се подготвуваат да испратат слични понуди во висина од околу 30 милиони евра. Сепак, приоритет на Касадо е да остане во Барселона и покрај тоа што нема сигурно место во стартната постава. Останува да се види како ќе минат преговорите.
Чикаго му нуди на Џош Гиди долгорочен договор вреден 20 милиони долари по сезона. „Биковите“ сакаат да потпишат со Гиди на долгорочен план. Според новинарот на „Чикаго Спортс Нетворк“, Кеј Си Џонсон, Чикаго му понудил на австралискиот кошаркар долгорочен договор вреден околу 20 милиони долари по сезона. Гиди и неговите претставници се надеваат дека ќе обезбедат договор вреден 30 милиони долари годишно.
На 170 дена до Зимските олимписки игри во Милано Кортина 2026 , останува нејасно дали руските и белоруските спортисти ќе се натпреваруваат или под какви услови би заминале на Игрите. Во интервју за „Л’Екип“, новоизбраната претседателка на ИОК, Кирсти Ковентри, беше внимателна во изјавите, но недвосмислен: „Не сме донеле конечна одлука. Во врска со Милано Кортина, нема да ги превенирам одлуките на извршниот одбор во септември и декември, но очекувам дека веројатно ќе донесеме слична одлука како онаа донесена за Париз“, изјави таа. На Олимписките игри во Париз 2024, на 15 Руси и 17 Белоруси им беше дозволено да се…
Наполи забрзано работи на доведување замена за повредениот Лукаку. Последно име кое се појави во јавноста е она на напаѓачот на Рома, Артем Довбик. „Наполитанците“ го гледаат 28-годишниот Украинец како замена за повредениот Лукаку, кој би можел да отсуствува повеќе од три месеци. Наполи, исто така, наводно разгледува можности за ангажирање на Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед, но и најдобриот стрелец во Белгија за минатата сезона, Толу Арокодаре од Генк.
Француски Олимпик Марсеј е подготвен да ги продаде Адриен Рабио, доколку до крајот на преодниот рок за него дојде соодветна понуда. Интересно е што за Рабио повторно е заинтересиран тимот на Јувентус, од каде Французинот си замина минатото лето. Според пишувањата на „Калчомеркато“, Јуве и Милан се двата тима кои имаат интерес од враќање на Рабио на Апенините. Марсеј сака да заработи околу 15 милиони евра од продажбата на Рабио. 30-годишниот Французин има договор со францускиот клуб до крајот на новата сезона. Во кругот заинтересирани екипи за него се појавува и Болоња.
Министерството за спорт додели премија од три милиони денари за машката одбојкарска репрезентација на Македонија која обезбеди пласман на Европското превенство 2026. „Ви благодариме за сè што правите за Македонија. Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува успешните федерации и успешните приказни во спортот. Го прифативме предлогот на претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, и за овој пласман репрезентацијата ќе добие премија во висина од три милиони денари – рече министерот Борко Ристовски, честитајќи им ја победата на одбојкарите. Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија, оди како една од петте најдобри второпласирани…
Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд даде своја оценка на дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал (0:1) во 1. коло од Премиер лигата. „И покрај поразот, долго време не сум нè видел да доминираме во натпревар против врвен тим како тој. Мислам дека притисок, брзината, висока мобилност на Куња и Мбемо, се видоа како големи предности за Манчестер на овој меч. Но, имаше и недостатоци. Голманот не беше на ниво, примивме ужасно лош гол, преодните фази со Бруно кој игра длабоко не беа добри, како и губењето на концентрацијата која може да стане проблем во натпреварите со посилни тимови“,…
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, вели дека се обидува да биде реалистичен и да ужива дури и во малите успеси оваа Ф1 сезона. „Со текот на времето учиш да уживаш во малите победи. Само треба да земеш предвид прилагодување на твоите цели, правејќи ги реални, земајќи ги предвид твоите можности на секое конкретно Гран При и во текот на сезоната како целина. Знаеме дека освојувањето на шампионската титула оваа година не е реална цел. Да, секако, работиме напорно за да ја постигнеме на крајот, но не треба и нема да се обвинуваме себеси што не сме во можност да ја…
