Чикаго му нуди на Џош Гиди долгорочен договор вреден 20 милиони долари по сезона. „Биковите“ сакаат да потпишат со Гиди на долгорочен план. Според новинарот на „Чикаго Спортс Нетворк“, Кеј Си Џонсон, Чикаго му понудил на австралискиот кошаркар долгорочен договор вреден околу 20 милиони долари по сезона.
Гиди и неговите претставници се надеваат дека ќе обезбедат договор вреден 30 милиони долари годишно.

