Шпанскиот интернационалец Серж Ибака во едно интервју зборуваше за заминувањето на Кавај Ленард од Торонто во 2019 година.
„Не сакам многу да зборувам за тоа. Дури и не се обидов ни да го убедам да остане бидејќи не верував дека ќе си замине. Мислев дека ќе остане. Си помислив: штотуку го освоивме првенството, имаме одличен тим, тој може да земе колку што сака слободни денови, тимот сепак ќе победи и без него. Ако има лоша игра, има момци кои ќе му помогнат. Значи, навистина не мислев дека Кавај ќе си замине. Само што го освоивме првенство, кој го прави тоа? Да не си заминеше, ќе освоивме уште две титули, сигурен сум“, изјавил шампионот на НБА во 2019 година со Торонто Репторс.

