Се е подготвено за стартот на еден од најочекуваните кошаркарски турнири во поновата историја – Евробаскетот 2025.
Сите очи се свртени кон најсјајните европски кошаркарски ѕвезди кои ќе се борат за превласт и освојување на шампионскиот наслов. Летонија, Полска, Финска и Кипар се бидат домаќини на групите во проширениот паневропски формат. Групните фази стартуваат денеска и треба да завршат до 5 септември, а нокаут рундите ќе се префрлат целосно во Рига почнувајќи од 8 септември.
Србија влегува на Евробаскет 2025 како главен фаворит. Грција повторно е засилена од Јанис Адетокумбо, кој е на чело на тимот кoј ја предводи опасната Група „Ц“ заедно со Шпанија и Италија. Лука Дончиќ ја предводи Словенија во Групата „Д“, каде што Словенците ќе се соочат со Франција, Полска и Израел. Денеска во премиерата на првенството половина час по пладне ќе се појават Велика Британија и Литванија.
ДЕНЕСКА НА ПРВЕНСТВОТО:
Тампере, Финска – Група Б
12.30 Велика Британија – Литванија
15.30 Црна Гора – Германија
19.30 Шведска – Финска
Рига, Летонија – Група А
13.45 Чешка – Португалија
17.00 Летонија – Турција
20.15 Србија – Естонија

