Ракометарите на Вардар во загубија дербито со Еурофарм Пелистер на турнирот во Охрид. Новиот предводник на Вардар, Иван Чупиќ им честита на ривалите и истакнаа дека видел и позитивни и негативни моменти во играта на својот тим.
„Честитки за Еурофарм Пелистер за заслужената победа. Од почеток до крај беа подобар противник од нас. Ние имавме блесоци, задоволем сум од играта во одбрана, од 5-1 и 6-0. По три недели тоа добро изгледаше. Има работи кои треба да се подобрат. Комбинаториката и играта во напад се фази во кои мора да се подобриме. Никогаш не е добро кога ќе се изгуби, но пред нас е долг пат и ова е само пријателски натпревар од кој треба да извлечеме поука. Затекнав екипа со 9-10 играчи од минатата сезона, но за мене сите се нови. Мора да го искористиме овој период за воигрувања и ако сега не пробаме некои работи – нема кога да пробаме. Мора да проценам кој колку може да му даде на тимот“, изјавил Чупиќ по мечот.

