Author: saso

NBA

Џамал Крофорд вели дека со нетрпение го очекува турнирот „Кросовер“ следното лето, кој би можел да биде најголемиот и најѕвездениот во неговата историја. Во интервју за „Сиетл Тајмс“, поранешниот НБА играч изјави дека Стеф Кари (Голден Стејт) и Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс) изразиле интерес за учество на аматерски турнир што тој го организира во Сиетл. „Кросовер ќе се врати. Следната година сè имам испланирано бидејќи знам дека ќе тренирам, но во иднина дефинитивно ќе има подобар план“, рече Крофорд. Крофорд е организатор на еден од најголемите летни настани во НБА, Лигата Кросовер, во која учествуваат сегашни и поранешни играчи на…

Read More

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул веќе има договор со Марк Гуехи, 25-годишниот дефанзивец на Кристал Палас кој уште од минатата сезона е најбаран стопер во Премиер лигата. Лондонскиот клуб потврди дека е подготвен да се раздели со Гуехи, најмногу поради тоа што неговиот договор истекува следното лето, а тоа му дава можност на Ливерпул да го реализира овој трансфер по попристојна цена. Најавите се дека Ливерпул веќе има договор со фудбалерот, па останува уште само да ги прецизира деталите со Палас, по што ќе го промовира новиот член на првиот тим. Сумата од околу 35 милиони евра би била оптимална…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4. септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот. Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија славеше со 1:0. За Македонија на натпреварот настапија фудбалери од домашниот шампионат. Контролниот меч во Прага ќе биде важен тест за нашите најдобри фудбалери и можност за селекторот…

Read More

Италијанскиот новинар Матео Морето објави дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има три опции за да ја продолжи својата фудбалска кариера. Откако во Валенсија очигледно нема да биде прв избор за чувар на мрежата, Столе сега е на потег да избере нова средина. Морето пишува дека Лил, Фенербахче и италијанска Џенова се заинтересирани за услугите на нашиот репрезентативец. Најголем интерес очигледно има од Фенербахче предводен од Мурињо, но отворени се и преостанатите две опции.

Read More

Новиот Формула 1 тим „Кадилак“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре. „Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 во 2026 година како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“. Дебито ќе се одржи во моментот кога новите технички правила ќе стапат во сила, а проектот е заеднички потфат на „Џенерал моторс“ и „ТВГ“. Иако составот на возачите сè уште не е потврден, медиумите наведуваат неколку можни кандидати. Меѓу имињата се Серхио Перез, Валтери Ботас, Мик Шумахер, Жу Гуанжу и Фелипе Друговиќ,…

Read More

Напаѓачот на италијанската репрезентација Џакомо Распадори ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид. Трансферот на 25-годишниот фудбалер официјално го објави шпанскиот клуб. Според медиумските извештаи, Наполи добил 22 милиони евра за трансферот. Распадори ги помина медицинските прегледи, а потоа потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“. Распадори се пресели во Наполи од Сасуоло во летото 2022 година. Наполитанците за него платија 5 милиони евра за позајмица. Една година подоцна, напаѓачот беше откупен за 28 милиони евра.

Read More
NBA

Новото засилување на Клиперси, Бредли Бил, не крие зошто се пресели во дресот на Клиперс. „Ми треба шампионски прстен… Секако, се чувствувам како да имам втора младост, повторно чувствувам глад. Се радувам на нова можност, ми се допаѓа нов град, нова атмосфера… Но, главната работа е можноста за победа“, рече Бил. Бил стана играч на Клиперси откако неговиот договор беше откупен од Феникс.

Read More

Интер тргнува по потписот на 23-годишниот крилен напаѓач на Монако, Магнес Акључе, објави „Л’Екип“. Според изворот, „нероаѕурите“ се заинтересирале за играчот веднаш по пријателскиот натпревар одигран меѓу двата клуба на 8 август. Се забележува дека Монако не е против продажбата на Акључе, но за него бара околу 70 милиони евра. Минатата сезона, Акључе одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола со 12 асистенции.

Read More

Довчерашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф би можел да се пресели во германски Баер Леверкузен. Според новинарот Флоријан Плетенберг, клубот од Леверкузен разговара за трансфер на шведскиот дефанзивец, бидејќи го ценат неговото искуство и лидерски квалитети. Покрај тоа, главниот тренер на Баер, Ерик тен Хаг, работеше со Линделоф во Манчестер Јунајтед . Линделоф е слободен агент откако го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од минатата сезона.

Read More

Во пресрет на денешниот реванш меч со Карабах, тренерот на Шкендија Јетон Беќири вели дека ова ќе биде еден од најтешките натпревари за тетовци оваа сезона. „Овој натпревар ќе биде многу тежок. Карабах е силен и опасен тим. Ќе се обидеме да го покажеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да постигнеме гол. Немаме што да изгубиме. Имавме проблеми во првиот натпревар. Особено во физичка смисла. Но, можевме и да постигнеме гол. Се обидовме да го дадеме најдоброто од себе, но Карабах играше добро, особено во првото полувреме. Бевме подобри во второто полувреме. Ќе играме поагресивно и напаѓачки фудбал“, истакнал…

Read More