Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарите поразени од Романија на стартот од претквалификациите за СП 2027
    Кошарка

    Кошаркарите поразени од Романија на стартот од претквалификациите за СП 2027

    sasoBy saso02/08/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги почна претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Вечерва во Куманово пред полна сала во првиот натпревар од овој циклус, нашите кошаркари беа поразени од Романија со 72:80.

    Романците до победата дојдоа во последната четвртина, откако Македонија имаше предност на крајот на сите минати три периоди. Вечерва новиот млад состав на селекторот Илиевски го красеше борбеноста и пожртвуваноста, но немаше искуство за завршниот чин. Искусните Романци во последните две минути направија разлика која на крајот им донесе победа.

    Џејкоб Вајли со 28 поени беше најефикасен во нашата репрезентација. Митревски и Мекиќ завршија со по 10 поени. Кај гостите Тохатан заврши со 21 поен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.