По вчерашниот пораз од Исланд, за женската младинска репрезентација на Македонија на Европското првенство во Црна Гора, остануваат уште три меча до крајот во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место.
Утре од 17 часот избраничките на селекторот Симе Симевски се среќаваат со селекцијата на Швајцарија. Тоа ќе биде првиот натпревар кој доколку успееме да го добиеме ќе дојдеме до битка за пласман од 17 до 20 место. Доколку бидеме поразени одиме во нови два меча од кои ќе зависи нашиот пласман од 21 до 24 место.
Инаку, со вчерашното одигрување на последните натпревари од разигрувањето во главната рунда, познати се сите четвртфиналисти на Европското првенство за младинки. Во четвртфиналето ќе играат Франција – Австрија, Хрватска – Шпанија, Данска – Унгарија, Германија – Црна Гора.

