Author: saso

Британскиот професионален боксер Даниел Дубоа зборуваше за претстојната борба против Александар Усик за шампионската титула во тешка категорија. „Чувствувам дека сум подобар, освежен и подготвен да го дадам мојот најдобар настап. Веќе сум светски шампион, но чувствувам дека можам да дадам уште повеќе. Сè уште не сум го достигнал својот максимум. Само треба да одам и да ги грабнам овие појаси од Усик“, рече Дубоа. Првата борба меѓу Усик и Даниел Дубоа се одржа во август 2023 година и заврши со победа на Украинецот со технички нокаут во деветтата рунда. Реваншот ќе се одржи на 19 јули во Лондон на…

Read More

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска откри дека Моисес Каиседо имал болки по повредата на глуждот за време на победата на неговиот тим против Флуминензе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Тимот на Мареска сега ќе игра против Пари Сен Жермен или Реал Мадрид во финалето на Светското клупско првенство во недела, но прашање е дали Каиседо ќе биде во тимот. Еквадорскиот репрезентативец доби лекарска помош на теренот и се обиде да го доигра натпреварот, но 23-годишникот очигледно се мачеше да се движи и беше виден со мраз на глуждот по завршувањето на натпреварот. “Тој чувствуваше дека може да го доигра…

Read More

Фудбалерите на Шкендија одигра абез погодоци (0:0) на првиот натпревар од 1. коло во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите на гостувањето кај ТНС во Велс. Вечерва во меч во кој домашните имаа повеќе обиди кон голот на тетовци, на крајот не видовме ниту еден погодок, но овој резултат веројатно им дава сериозна шанса на нашите шампиони во реваншот на домашен терен. ТНС не ја искористи предноста на домашниот терен и во Скопје ќе допатува практично од „нула“. Шкендија извади реми и следната недела ќе се обиде да се избори за пласман во 2. елиминациско коло.

Read More

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе повеќе важни одлуки поврзани со организацијата на натпреварувањата, а една од точките се однесуваше на одлука за формирање на нова репрезентативна селекција до 20 години. – У.О. на ФФМ донесе одлука за именување на Александар Таневски за селектор на новоформираната македонската репрезентација до 20 години. Александар Таневски, во изминатите осум сезони од тренерската кариера има водено вкупно 196 официјални натпревари како шеф на стручен штаб во Првата и Втората македонска фудбалска лига. Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, обезбедувајќи промоција во највисок ранг, истиот успех го повтори…

Read More

Искусниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте и во наредната сезона ќе биде во Битола. Десниот бек на словенечката репрезентација го продолжи договорот на уште една сезона. Така Цехте наскоро ќе ја започне третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија. Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб. Цехте ќе се јави на прозивката за новата сезона на крајот од месец јули.

Read More

Македонскиот тенисер Горазд Србљак успешно ги заврши квалификациите на ИТФ турнирот Куршумлијска Бања и со тоа избори пласман на главниот турнир. Тој денеска во финалето го совлада првиот носител во квалификациите Аристарх Софонов со 2-0 во сетови (75 75). Ова беше негова трета победа во низа. Претходно во првите две рунди оствари победи на Астро Пилиповиќ од Србија (второ коло) и Валентино Гуардањо од Аргентина (прво коло). На стартот од главниот турнир за ривал го доби првиот носител Стефан Поповиќ од Србија.

Read More

Баерн потврди дека Џамал ​​Мусијала има фрактура на фибулата. Тој се повреди за време на четвртфиналниот натпревар од Светското клупско првенство соПСЖ (0:2) во САД и беше заменет на полувремето. Прегледот од страна на клупските лекари покажа дека напаѓачот претрпел фрактура на фибулата како резултат на искривување на глуждот. 22-годишникот отпатува од Орландо до Минхен утрово и наскоро ќе биде опериран, соопштија од Баерн. Клубот наведува дека играчот ќе биде надвор од терените подолг период, најмалку 4 месеци.

Read More
NBA

Денвер е подготвен да го задржи Јонас Валанчиунас и покрај разговорите кои тој ги има со Панатинаикос. Нагетсите не сакаат да го пуштат центарот да оди во Европа. Денвер претходно го комплетира трансферот на Јонас Валанчунас од Сакраменто Кингс и покрај заемниот интерес меѓу ветеранот и Панатинаикос. Нагетсите ќе го испратат Дарио Шариќ во замена за Валанчунас кај Кингс. Литванецот нема да може да потпише договор со грчкиот клуб освен ако Денвер не се согласи на неговото откупување.

Read More

Борусија Дортмунд се надева дека нивното учество на Светското клупско првенство во САД ќе биде чекор кон подобри резултати во иднина. Тимот од Дортмунд оствари повеќе од 100 милиони евра приходи од турнирот, како и од продажбата на играчи во последните недели, предводени од трансферот на Џејми Гитенс во Челзи за 65 милиони евра. Спортскиот директор Себастијан Кел по поразот од Реал Мадрид во четвртфиналето со 3-2 изјави дека барем дел од парите ќе бидат реинвестирани. „Нешто ќе се случи на трансфер пазарот. Дефинитивно ќе направиме нешто. Ќе го направиме тимот подобар од минатата година“, изјави Кел. Главниот маркетинг директор…

Read More

Порто официјално потврди дека италијанскиот стручњак Франческо Фариоли е нов тренер на клубот и ќе го преземе истиот на почетокот на сезоната 2025/26. „Франческо Фариоли е новиот тренер на ФК Порто“, потврдија од клубот. Фариоли се приклучува на Порто по една година на чело на Ајакс во Холандија, каде што започна ветувачки, но загуби девет бода предност на врвот на табелата пет натпревари до крајот и на крајот заврши втор зад ПСВ Ајндховен. Откако го напушти Ајакс со заедничка согласност во мај, Фариоли сега потпиша двегодишен договор со Порто до летото 2027 година.

Read More